Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 10.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’. На 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината.

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Б.П.(21) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,криумчарење мигранти’’. На 21.01.2025 на автопатот „Пријателство“, кај Куманово, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген туарег“, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени пет лица мигранти, од кои тројца од Индија и двајца од Непал, кои требало да ги транспортира до Гевгелија.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 07.12.2024 на влезот од Градскиот пазар во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот како продава пиротехнички средства, кои му биле одземени.    

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 02.09.2025,  полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Идризово, при што биле пронајдени и одземени 50 куршуми калибар 7,65 мм и две рачни бомби М75, кои неовластено ги набавил и чувал во својот дом.

На 09/10.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Д.(25), А.Б.(23) и Д.Д.(26), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.        

На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од  24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.  

На 09.09.2025 во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З. од Скопје и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван 16-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.        

На 09.09.2025 околу 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје се случила сообраќајна  несреќа помеѓу патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(76) од Скопје и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(49) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „лада“, Ј.П.(73) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.09.2025 во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Скопје и мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.И.(26) од с.Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.09.2025 во 15:30 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето Б.„Н“ за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, во мај 2025 година во Сојузна Република Германија тој се договорил со лицео да му го даде неговото „фолксваген голф“ за да го транспортира во РСМ. Како што е пријавено, откако му дал полномошно само за транспортирање, лицето без негово знаење и согласност ја средил царинската документација најверојатно со фалсификување на документацијата, по што возилото му го продал на друго лице од тетовско село. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.Д.(40) и А.С.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 06.08.2025 на улица „Амди Леши“ во Дебар, полициски службеници извршиле контрола на две патнички возила „фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, кои ги управувале пријавените, при што констатирале дека вршат превоз на патници во јавниот сообраќај без соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

На 09.09.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Е.Г.(21) од Република Турција затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека во неговата патна исправа немало штембил кој го докажува неговиот влез во државата, односно поради сомнение дека илегално влегол во РСМ. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.09.2025 во ОВР Неготино било пријавено дека околу 11:00 часот во фабрика во село Дуброво, неготинско, при извршување на работни задачи, О.У.(42) од Република Турција се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

На 09.09.2025 околу 15:30 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(29) и А.М.(22), двајцата од Скопје, затоа што претходно агресивно се однесувале и попречувале полициски службеник при извршување службени дејствија. Лицата биле задржани во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.09.2025 во СВР Скопје, И.И.(64) од Скопје пријавил дека околу 17:30 часот пред неговата куќа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, поради претходно нарушени меѓусебни односи, неговиот сосед Џ.Р. го удрил со своето патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, по што излегол од возилото и му упатил закани со дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2025 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(53) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 45-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.09.2025 во 21:40 часот во СВР Скопје, С.А.(61) од Скопје пријавила дека околу 15:30 часот на автобуска постојка во Гази Баба била физички нападната од Е.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност