СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2025 на магистралниот пат Битола-Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана, која требал да ја транспортира до границата со Република Грција.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.09.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле претглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Т.(28) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.05.2025, полициски службеници извршиле преглед над лице од Радовиш и во неговото возило, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми калибар 7,65мм и пиштол „Екол Арас Магнум“.
На 08.09.2025 во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишник од Нова Колонија, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 08.09.2025 во 19:49 часот во ОВР Берово било пријавено дека на патот Пехчево-Делчево, на место викано „Крива Круша“, патничко возило „цитроен“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од А.П.(27) од Пехчево, кој немал возачка дозвола, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(47) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.09.2025) во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје. Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.
Денеска (09.09.2025) во 00:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Џ.(40), М.Џ.(63), Д.Џ.(36) и 24-годишната И.М., сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П.(45) и И.К.(41), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, М.А.(48) од Скопје пријавил дека околу 18:50 часот на работното место на наплатна станица Миладиновци, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега З.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2025 во 09:40 часот во СВР Скопје, Б.В.(33) од Скопје пријавил дека на покриената тераса од угостителски објект на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
На 08.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2025 во 20:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 32-годишна жителка на Струмица. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.