На 07/08.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(33), М.Ц.(33) и М.М.(34), сите од Скопје, како и Л.Т.(27) од Р.Италија, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени прашкаста материја, тврда кафеава материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.09.2025 во 19:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип– Плачковица, во атар на с.Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ со приколка, без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(59) од с. Кучица, општина Карбинци и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(73) од с. Аргулица, општина Карбинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.М., а со телесни повреди се здобил Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 07.09.2025 во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета. Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.
На 07.09.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај с.Раштак и кај с.Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и др., сопственост на Н.М.(51) од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
На 07.09.2025 во 14:35 часот во СВР Скопје, З.А.(73) од Скопје пријави дека околу 12:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.09.2025 во 21:15 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.09.2025 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и малолетната ќерка биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер В.М.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.09.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје, З.Н.(26) од с.Огњанци, скопско, пријави дека околу 16:30 часот во с.Петровец, по претходно нарушени меѓусебни односи бил физички од М.Д., кој употребил тврд и предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (08.09.2025) во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.09.2025 во 20:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Р.(32) од Струмица, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2025 во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.09.2025 околу 09:00 часот во СВР Струмица Т.Р.(43) од Струмица пријави дека на 06.09.2025 нејзиниот сопруг А.Р.(40) заедно со неговиот сосед С.А.(63) отишле во Р.Грција на спортски риболов и потоа биле недостапни на мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.09.2025 во 23:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Р.Т.(46) од с.Долни Полог, кочанско, по претходна пријава од Ј.К.(76) од с.Долни Полог, дека околу 19:00 часот во истото село, Р.Т. со огнено оружје му се заканувал на пријавителот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2025 во 00:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.А.(27) од Кочани, по претходна пријава од Д.К.(58) од Кочани, дека додека била на своето работно место во бурекчилница во Кочани, Б.А. упатувал закани кон неа и кон нејзиниот колега. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2025 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека околу 13:00 часот во с.Дулица, Македонска Каменица, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишната С.Г. и Г.Г.(50), двајцата од с.Дулица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.09.2025 во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во с.Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија,. Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.