Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 07.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 06.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Штип било пријавено дека  на крстосницата од ул. „Сремски фронт“ со ул. „Солидарност“ во Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија сандеро“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(44) од Штип и мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(25) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.04.2025 во Битола, полициски службеници извршен преглед кај едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.

 

На 06.09.2025 во 11:20 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на регионален пат во село Железница, кратовско, Б.Д.(24) од Скопје управувајќи мотоцикл „кимко"  со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Увид извршила екипа од ОВР Кратово.

 

На 06.09.2025 околу 10:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „линфан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(75) од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.К.(27) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(37). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „линфан“ П.Д., додека со телесни повреди сопатничката од мотоциклот „хонда“ С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 06.09.2025 во 21:00 часот во ОВР Радовиш, Н.А.(35) од с.Калузлија, радовишко, пријавил дека околу 20:00 часот во дворното место на семејната куќа во с.Калузлија, тој и неговата сопруга биле физички нападнати од А.И., Н.А. и О.А., кои користеле дрвени и метални предмети. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

              

На 06.09.2025 околу 20:30 часот во ОВР Радовиш, било пријавено дека по претходна расправија, на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.О.(45) и З.С.(41) од една страна и Џ.А.(41) и Е.А.(36) од другата страна, сите од Радовиш. При тоа Џ.А. употребил и дрвен предмет. Подоцна, во 22:30 часот,  Е.А.(36) пријавил дека на 05.09.2025 околу 21:30 часот бил физички нападнат од Ѓ.О.(36). По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 06/07.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.К.(32) од Р. Турција, З.Р.(39), А.Љ.(24), А.А(26), И.О.(24) и Д.М.(40), сите од Скопје, Р.И.(26) од с.Средно Коњари, скопско и П.С.(18) од с.Стајковци, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 06.09.2025 во 15:45 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Елпида Караманди“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(38) од струшкото село Шум и електричен тротинет, управуван од 16- годишна малолетничка од Струга. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид.

 

Денеска (07.09.2025) во 01:00 часот во Штип, на ул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.А.(19) од с.Сопот, кумановско. При извршен преглед на патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против Б.А. ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.09.2025 во 15:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(28), по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка, со која биле во роднинска врска. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 07.09.2025 во 01:30 часот во СВР Скопје, Н.С.(47) од Скопје пријавил дека на 06.09.2025 околу 19:30 часот на поранешниот полигон на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје, неговиот 16-годишен малолетен син, по претходна расправија, бил удрен од патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б., по што Е.Б. избегал со возилото. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (07.09.2025) во 03:10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.М.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава, дека околу 01:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, физички го нападнал М.П.(24) од Скопје, при што употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот против Д.М. ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (07.09.2025) во 00:20 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(18). Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) и А.И.(19) од Скопје, од друга страна. Исто така, според пријавеното, во одделен случај пред истиот угостителски објект, настанала физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А.(21) од друга страна,  при што М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и пиштолот му бил одземен. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 06.09.2025 во 09:10 часот во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 06:18 часот во семејниот дом во Скопје, со нож му нанел повреда на неговиот 51-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (07.09.2025) во 00:25 часот во СВР Штип, В.Д.(49) од Штип пријавил дека на 06.09.2025 во 22:30 часот во с.Никоман, штипско, настанал пожар во хангар, во негова сопственост. Од пожарот целосно изгорел објектот, во кој имало имало 500 бали од жито, 300 бали сено и други предмети. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

              

На 06.09.2025 во 15:42 часот во СВР Штип, С.Н.(33) од Штип пријавил дека на ул. „Сремска“ околу 15:20 часот во Штип, бил нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.09.2025 околу 18:30 часот во ОВР Берово, било пријавено дека во угостителски објект во Берово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.Ф.(33) и И.С.(44), двајцата од Берово, при што Љ.Ф. употребил и стаклен предмет. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Мени за пристапност