Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 06.09.2025

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.02.2025  во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од с.Древено, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми, автоматска пушка ,,АК-47‘‘, митралези и други негови верзии.   

 

На 05/06.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.С.(44), А.Д.(19), Р.Е.(27) и З.Ш.(39), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 05.09.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, Ј.Х.(66) од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, удрил во М.Х.(65) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Х., констатирани во  Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 05.09.2025 околу 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, 24-годишниот А.А. од Скопје управувајќи мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 05.09.2025 околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с.Јосифово кон с. Пирава, кај место викано „Железен мост“, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од с.Пирава, валандовско и мотоцикл „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од с.Јосифово, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Валандово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде во 17.30 часот починал. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Валандово.

 

На 05.09.2025 околу 19:40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  З.С.(41) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „фолксваген поло“ Х.С.Ш., додека со телесни повреди се здобил возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш.(57), како и возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х.(42), констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

 

На 05.09.2025 во 16:37 часот во ОВР Кочани, било пријавено дека на ул. „Роза Петрова“ во Кочани, 21-годишниот К.С. од с.Оризари, кочанско, управувајќи мотоцикл „хонда“, удрил во паркирано патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од О.Г.(55) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

 

На 05.09.2025 во 17:10 часот на Граничен премин Стење, полициски службеници  во соработка со царински службеник, при влез во државата, и извршена гранична контрола и проверка на патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.О.(66), а како сопатник Ф.О.(66), двајцата од Крани, пронашле и одзеле поголемо количество на златен накит, кој Г.О. и Ф.О. претходно не го пријавиле. Запознаен бил јавен обвинител и по негова насока лицата се задржани и по целосно документирање  на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 05.09.2025 во 05:20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го лишиле од слобода К.Б.(34) од Дебар, кој на патот од Дебар кон Р.Албанија, заедно со уште едно лице, во товарно возило превезувале добиток. На издадена наредба да застанат, лицата продолжиле со движење, па полициските службеници испукале три предупредувачки куршуми во воздух, по што лицата излегле од возилото и се дале во бегство. По преземени мерки, К.Б. е лишен од слобода и во службениот разговор изјавил дека нема никаква документација за добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 04.09.2025 во 17:20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.М.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава, дека околу 17:00 часот на фудбалско игралиште на подрачјето на Карпош, агресивно се однесувал и упатил закани по животот на Б.Т.(51) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.09.2025 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Р.М.(43) од Скопје, дека околу 10:00 часот во објект во кој и двајцата се вработени, додека извршувала работни задачи, И.С. и упатувал закани и се обидел физички да ја нападне. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

              

На 05.09.2025 во СВР Скопје, С.П.(73) од Скопје пријавила дека околу 09:40 часот во с.Марино, скопско, едно лице физички ја нападнало, при што се обидело да и ја одземе торбата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.09.2025 во 13:10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во семејниот дом во скопско, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(47) и М.К.(24). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.09.2025 околу 12:40 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во установата бил извршен претрес во просторија каде што биле сместени осудените лица П.К., М.А. и М.О. и на прозорец биле пронајдени  бела прашкаста материја, марихуана, лажица и шише со течност. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 06.09.2025 во 02:13 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 00:30 часот во куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје, поради нарушени семејни односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ј.Б.(32), Н.Ј.(59), И.Б.(41) и А.Б.(44), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.09.2025 околу 20:20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Ново Село, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(31) од с.Волково, скопско и Ф.Ѓ.(22) од Кичево. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветен поднесок.

 

На 05.09.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 58-годишен маж пријавил дека околу 10:30 часот во семејниот дом во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговата мајка П.Х.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

Мени за пристапност