Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 10.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 10.08.2026

 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Н.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „хонда“,  управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(21) и М.А.(30), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.06.2026 бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавените.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.06.2026 во угостителски објект во Тетово, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.

 

На 09.08.2026 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(24), С.А.(25) и Н.А.(24), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 09.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11:00 часот при извршен претрес на пратка за осуденикот О.М.(48) од Куманово, биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана. Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 09.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф" со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат" со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(63) од с.Малчиште, скопско и патничко возило „форд" со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р.(18) од с.Батинци, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобиле четворицата возачи, како и Б.О.(30) од с.Палиград, скопско и С.Л. од Скопје, сопатници во возилата „голф“ и „форд“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 09.08.2026 во 17:25 часот СВР Тетово сам се пријавил Џ.Ш.(24) од Тетово. Претходно, неговата поранешна 26-годишна сопруга пријавила дека подолг период ѝ упатувал закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство преку социјална мрежа, а на 06.08.2026 околу 21:00 часот ја следел и снимал за време на семејна прослава во угостителски објект. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.02.2026, во Велес, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(48) и М.А.(20), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.05.2026 во Тетово, пријавените го нападнале Џ.Ш. од Тетово.

 

На 09.08.2026 во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(27) од Кавадарци, затоа што пред градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против T.Љ.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.12.2025 во Охрид,  откако ги забележал полициските службеници, пријавениот фрлил марихуана и се обидел да побегне, но бил спречен, а марихуаната била пронајдена и одземена.  

 

На 09.08.2026 во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во велешко пријави дека во домот, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ.  и нејзиниот брат А.Џ., при што употребиле и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 09.08.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Центар, едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 10.08.2026 во 04:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.П.(39) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.08.2026 во 08:55 часот во СВР Скопје, В.А.О.(23) од Австрија пријави дека околу 04:30 часот на подрачјето на Центар, две лица физички го нападнале и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив со остер предмет му нанел расекотина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“. На 03.08.2025 на паркинг простор на Спортскиот центар „Билјанини извори“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена МДМА таблета, која се обидел да ја оштети.   

 

На 10.08.2026 во 02:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Т.(31) од Битола затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 71-годишен татко . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.08.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, Г.С.(67) од кочанско пријави дека околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле, при што едното од нив со употреба на физичка сила и одзело женски ранец со документи и лични предмети и избегале. Според пријавеното, таа тргнала по нив и влегла по нив во автобус сакајќи да си го врати ранецот, по што истото лице со тврд предмет ја удрило и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.08.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ј.(41) од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(52) од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. Пријавениот, во април 2026 година полово вознемирувал малолетничка од тетовско.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(29) и Б.С.(56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама’’ и „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. Во септември 2025, А.С. од Тетово му го позајмил неговото патничко возило на првопријавениот, кој не му го вратил на оштетениот поради наводен дефект, туку го продал на второпријавениот.

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против М.А.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 30.05.2026 пред стадионот во Кратово, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК ,,Саса” и ФК ,,Еуромилк”, пријавениот фрлил тврд предмет и удрил полициски службеник.

 

На 09.08.2026 во 23:45 часот во СВР Скопје, Н.В.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.08.2026 во 17:40 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром, со тврд предмет била нападната од нејзиниот сопруг А.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 10.08.2026 во 00:30 часот во с.Радожда, струшко, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Д.Д.(37) од Скопје, со привремен престој во село Радожда, С.Ф.(36), Ф.В.(33) и Н.Ч.(36), сите од Прилеп. Според пријавеното, претходно во викенд куќа на Д.Д. во селото, трите лица од Прилеп физички го нападнале Д.Д. и му нанеле тешки телесни повреди. При вршење увид во врска со физичката пресметка во викенд куќата, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја, по што била добиена наредба од јавен обвинител и бил извршен претрес во викенд куќата. При претресот била пронајдена и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.08.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(28) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека во домот во скопско со тврд предмет била нападната од нејзиниот сопруг Џ.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, Ф.С. - вработен во Итна медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 09.08.2026 во 22:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.П.(48) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00:00 часот во семејниот дом ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Мени за пристапност