Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 09.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 09.08.2026

На 08/09.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(32), М.Ј.(40), двајцата од Скопје и Б.М.(21) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На (08.08.2026) околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(34) од с.Маврово, гостиварско и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(63) од Скопје. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот на возилото „пежо“, Н.С.(34) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 08.08.2026 околу 13:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека  на локален пат Куманово-село Табановце, во атар на с.Четирце, кумановско, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(32) од село Горно Којнаре, кумановско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.С.(38) од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

 

На 08.08.2026 околу 16:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат Куманово-село Пчиња, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(50) од Куманово и патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(33) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ј.А. и сопатничката од неговото возило  М.Н.(30) од Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.  

 

На 08.08.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„4 Јули“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Џ.(22) од с.Црвивци, кичевско и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(32) од с.Долно Свиларе, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.А., а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.А., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

   

На 08.08.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(20) од Скопје, излетало надвор од коловозот и удрило во метална канделабра. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ѓ.(20) од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“.  Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 08.08.2026 во 21:10 часот на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 17-годишник од скопско, затоа што кај била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.08.2026 во 04:30 часот во СВР Скопје, Ш.С.(21) од Скопје пријави дека околу 02:50 часот на подрачјето на Центар, додека бил со неговата вереница, бил физички нападнат од неколку лица и му била одземена машка чанта со документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 08.08.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ф.(71) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото  излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј.(71) од Скопје, кој ги запознал дека другото лице М.М.(71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата. Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 09.08.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од скопско пријави дека на 08.08.2026 на подрачјето на општина Аеродром и во скопско во неколку наврати била физички нападната од нејзиниот сопруг М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.08.2026 во 08:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен О.Ќ.(29) од Република Албанија, со привремен престој во с.Маврово. По преземени мерки е констатирано дека, О.Ќ. управувал мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки на магистралниот пат Гостивар-Кичево, при што во близина на каменолом изгубил контрола и паднал. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.    

 

На 08.08.2026 во 08:00 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од скопско. Претходно, од граѓани било пријавено дека тој агресивно и недолично се однесувал, а откако на местото пристигнале полициски службеници и се обиделе да му помогнат бидејќи бил со повреди, тој физички нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 08.08.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје Љ.П.(47) пријави дека во с.Волково,скопско по претходна расправија бил физички нападнат од Д.С. и Ф.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 08.08.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош била пронајдена почината Е.Д.(45) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

 

На 08.08.2026 во 22:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Ј.(65) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот се заканувал на неговата 64- годишна снаа за брат. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 08.08.2026 во 16:50 часот на место викано „Долги Рид“, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.Р.(31) од Чашка. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 08.08.2026 во 19:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Л.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата 23-годишна поранешна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 08.08.2026 во 09:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Ѓ.Ш.(33) од Велес затоа што го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, оштетил дел од покуќнината во домот и не ги почитувал наредбите на полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,63 промили алкохол во крвта. Ѓ.Ш. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 08.08.2026 во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес забележале товарно возило „сканија“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л.(52) од Неготино, при што било констатирано дека се врши ископ и дека возилото било натоварено со песок за што возачот не поседувал соодветна документација. Полициски службеници земале примероци од песокот во возилото и од местото на ископот. Со возачот е извршен службен разговор на место. Возилото било спроведено на мерење, а по насоки од Јавен обвинител подоцна е одземено за понатамошна постапка. За настанот е известено Министерство за животна средина и просторно планирање и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.08.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во стан сопственост на В.М., во кој немало никој. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.      

 

На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа и снимки ги направил достапни за трети лица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Мени за пристапност