На 08/09.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Ф.(19), Н.А.(40), С.К.(27), М.Д.(31), В.Т.(22), Х.Б.М.(28), С.С.(28), А.Т.(39), Ф.А.(38) и 14-годишен малолетник сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.11.2025, во СВР Велес e пријавено дека околу 09:35 часот, на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“, управувано од А.П.(47) од Велес, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(57) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење “. Во текот на јуни 2025, пријавениот во с.Равен, гостиварско, започнал со изведување на градба на објект, без да поседува соодветно одобрение од надлежен орган.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(21) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории во Битола, каде што живее пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства.
На 08.11.2025 ОПКМСР Гевгелија поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Гевгелија против К.М.(40) од Р.Турција, а со привремен престој во Р.Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, истиот ден околу 07:50 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, пријавениот кој дошол со патничко возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, при гранична проверка приложил фалсификувана возачка дозвола.
На 09.11.2025 во 00:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.11.2025 во 05:20 часот во СВР Скопје М.М.(25) од Скопје пријави дека околу 02:40 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од М.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.11.2025 во 04:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ и ул.„Столтенбергова“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Скопје, удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При тоа полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.11.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.11.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Ј.(19), Д.Г.(24) и Г.С.(42), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.11.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријави дека околу 11:00 часот во семејниот дом во скопско, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг В.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.11.2025 во 15:55 часот во ОВР Виница од Итната медицинска помош Виница е пријавено дека кај нив бил донесен со повреди Д.Д.(43) од с.Градец, виничко. Тој, според пријавеното, со повредите се здобил како последица од пад во отворена шахта неговото работно место во хидроцентрала во близина на с. Градец, сопственост на правно лице, по што е пренесен во Општата болница Кочани.
На 08.11.2025 во 17:50 часот во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Е.Р.(29) од Кочани по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна вонбрачна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.