Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 08.11.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 07/08.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(38) од Куманово, Ф.С.(28) од Кочани, Б.А.(24), М.Р.(18), П.Ѓ.(20), М.Ј.(28), М.Е.(31), А.П.(26) и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје,  затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 07.11.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје Ж.Н.(57) од Скопје која се превезувала како патник во автобус управуван од Г.Р.(59) од с.Волково, скопско, паднала внатре во автобусот и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 08.11.2025 во 00:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од фирма во с.Крушопек, скопско, настанал пожар во товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

 

На 07.11.2025 во 23:45 часот во СВР Скопје Б.Д.(27) од Скопје пријави дека околу 22:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со пари, документи и други лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.11.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје Џ.А.(72) од Скопје пријави дека околу 14:25 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.11.2025 во 21:00 часот во Полициската станица Центар од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека се вратил нивниот штитеник У.З.(15) кој претходниот ден беше пријавен дека се оддалечил од установата.

              

На 06.11.2025 околу 18:30 часот во СВР Скопје М.П.(45) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од Д.Ф., кој и упатувал и закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 07.11.2025 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Б.(31), Д.Б.(36), Н.Н.(52) и Н.А., сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 08.11.2025 во 01:30 часот во СВР Штип 25-годишна жена пријави дека на 07.11.2025 околу 19:15 часот во семејниот дом во светиниколско била физички нападната од нејзиниот сопруг И.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.11.2025 во 15:05 часот во Полициското одделение Македонска Каменица од Итната медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен А.В.(44) од Штип, кој со повредите се здобил при изведување на градежни работи во Македонска Каменица. Извршен е увид и известен е трудов инспектор. 

Мени за пристапност