СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Ј.(26) и Б.А.(37), двајцата од с.Требош, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.11.2025 на регионален пат во с.Желино, тетовско, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“, во кое биле пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Г.Г.(33), С.Ч.(31) и Б.П.(36), сите од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.09.2025 во угостителски објект во Кратово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале И.М.(35), при што му нанеле тешки телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.О.(66) од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во текот на септември 2025 година, во село Равен извршил ископ на земјиште на две парцели во државна сопственост со цел противправно да ги присвои и користи за градба.
На 06.11.2025 во 13:45 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Крива Паланка излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.
Нa 06.11.2025 во 18:00 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на ул. „Деко Ковачев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(68) од Гевгелија и мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Н.(22) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.Р.(53) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 18.05.2025 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис.
На 06.11.2025 во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот. При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.П.(38) од Делчево, В.Д.(23) од с.Теново, тетовско, Д.Д.(25) од с.Долно Лисиче, скопско, Л.К.(21) и Л.Ѓ.(44), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (07.11.2025) во 09:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт. Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик. На 30.10.2025 при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кутија со 25 куршуми и паковка со кокаин. При претрес извршен на 31.10.2025, по судска наредба, во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, што тој го користел, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението канабис, еден метален сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол калибар 7.65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, кои, нелегално ги поседувал.
На 06.11.2025 во 19:51 часот во Полициската станица Центар од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник У.З.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 06.11.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје, 66-годишен маж од Скопје пријави дека околу 14:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата сопруга Ј.А.(51) и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(38) од Скопје пријави дека околу 19:30 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од Е.Б.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во 15:00 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.В.(37) од Полска, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во 11:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Лавчански пат”во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд”со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(53) од Битола и мотоцикл „бмв”, управуван од В.С.(45) од Битола. По несреќата, возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.