ОВР Неготино поднесе кривична пријава против А.М.(38) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.06.2025 во Неготино, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 18.10.2025 во семејниот дом во с.Марино, пријавениот со дрвен предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 40-годишен брат.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(30) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Пријавениот, спротивно на прописите за индустриска сопственост, без одобрение и лиценца од носителите на интелектуална сопственост, набавил фалсификувана текстилна стока и модни производи, кои се пронајдени на 01.08.2025 во возило кое го управувал.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против М.И.(42) и М.И.(35), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавените, во текот на 2025 година, во својство на инвеститори, на место викано „Лозје“ изградиле бетонски ѕид на две парцели во државна сопственост.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 56-годишен маж од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Во семејната куќа во Куманово, пријавениот физички ги нападнал својата ќерка и таткото на неговата сопруга.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) и Л.Р.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 19.05.2025 во Куманово, пријавените предизвикале пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Е.Е..
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавената, во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои и биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари.
Денеска (06.11.2025) во 03:46 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.Д.(52). Од пожарот било зафатено и патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.З.(45). Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Нема повредени лица, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.11.2025 околу 11:10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.С.(33) од Грција. При гранични проверки и контрола во патничко возило „мерцедес” со швајцарски национални ознаки, во кое бил сопатник, кај него е пронајдена и одземена марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.М.(20) од с.Р`жаничино, скопско, Ф.И.(20), Б.Н.(25), Д.П.(25) и Л.С.(42), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 05.11.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, на клучка Хиподром, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(78) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.11.2025 околу 10:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, Е.М.(22) од с.Радање, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 05.11.2025 во 15:50 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Бучим, радовишко, 13-годишен малолетник од с.Почивало, штипско, управувајќи мотоцикл „хамачи“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болницата Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат'' во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија. По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 37-годишен маж од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.10.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.М.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.05.2025 полициски службеници извршиле контрола во гејминг клуб во Куманово, при што кај пријавениот биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против З.Ј.(40) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во близина на регионалниот пат Маврово-Дебар поставил метална ограда на катастарска парцела во државна сопственост.
На 05.11.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од с.Жилче, општина Јегуновце, пријави дека на 04.11.2025 околу 13:45 часот на автобуска постојка за меѓуградски автобуси на подрачјето на Центар, при влез во автобус со гостиварски регистарски ознаки со редовна линија Скопје-Тетово-Гостивар, била физички нападната од возачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.11.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје, К.Р.М.(44) од Скопје пријави дека на 03.11.2025 околу 08:40 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.11.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:20 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу малолетник и малолетничка, од една страна и друг малолетник од друга страна, сите ученици во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.11.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во фабрика на подрачјето на Гази Баба. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба. Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 врзана со жица на рачката на возачката врата. Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така, живее и работи во Италија, при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми кал. 7,62 мм за автоматско оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во фабрика на подрачјето на Кисела Вода. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.