На 07/08.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.С.(35), Д.П.(33), И.Ј.(35), Ј.Н.(36), С.Т.(34), А.С.(41), Д.К.(24) и К.С.(38), сите од Скопје, Б.Ѓ.(42) од нас.Илинден, скопско, С.А.(35) од Кавадарци, Н.А.(34) од Велес и Х.Д. (25) од Гостивар, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, таблети, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.12.2025, во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 10:50 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на село Марена, кавадаречко, патничко возило „гели“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од Струмица, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.
|
|
|
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул.„7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26). Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.
На 08.12.2025 во 00:40 часот во ОВР Берово е пријавено дека пред угостителски објект во с.Будинарци, беровско, М.М.(52) од с.Возарци, кавадаречко, со патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, удрила во Д.Г.(38), кој бил заедно со Ѓ.Ч.(24), двајцата од с.Митрашинци, беровско. Потоа излегла од возилото и со остар предмет се упатила кон Ѓ.Ч., по што физички го нападнала Д.Г. и го напуштила местото на настанот со уште едно лице кое било со неа во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.12.2025 во 17:50 часот во Полициската станица Пробиштип од Итната медицинска помош при ЈЗУ Пробиштип е пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен И.А.(37) од с.Ратавица, пробиштипско, со која, според пријавеното, се здобил додека извршувал работни задачи во фабрика во Пробиштип, по што бил препратен во Клиничката болница Штип.
На 07.12.2025 во 13:00 часот, во СВР Велес Ј.К.(57) од Велес пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот братучед С.К.(47) од Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 08.12.2025 во 02:22 часот во СВР Скопје, Ф.С.(20) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од Р.Г.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 08.12.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје, 61-годишна жена од скопско, пријави дека на 07.12.2025 околу 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син А.А., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.12.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, С.С.(33) од с.Арачиново, пријави дека пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од О.„Н“ и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.12.2025 во 21:50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Д.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 32-годишна партнерка дека околу 15:00 часот физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.12.2025 во 04:00 часот во СВР Скопје, Д.А.(34) од с.Сарај, скопско, пријави дека околу 03:30 часот во с.Сарај,скопско, бил нападнат со тврд предмет од И.С. од с.Љубин, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.12.2025 во 14:05 часот во СВР Скопје, С.П.(66) од Скопје пријави дека околу 01:00 часот во казино на подрачјето на Кисела Вода, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.12.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, Е.Е.(43) од Скопје пријави дека околу 07:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.