Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 07.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи
 
 
На 07.12.2025 околу 03:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај с.Трапчин Дол, патничко возило „волво“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од Кичево, излеталo од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.З.(25) од Кичево, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
  
 
На 06/07.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Љ.С.(24), А.А.Г.(23), И.И.(33), З.Б.(29), М.Љ.(19), Ф.А.(38), А.Т.(30), М.Ѓ.(40) и Н.Т.(23), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
 
На 06.12.2025 во 12:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на ул. „Плачковица“ во Струмица, патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(65) од Кочани, удрило во пешакот В.К.(65) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
 
 
На 06.12.2025 во 20:00 часот во СВР Штип, Д.Ј.(43) од Штип пријави дека околу 18:00 часот кај Градскиот пазар во Штип, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
На 06.12.2025 во 15:33 часот во СВР Штип, Ф.Б.(33) од Скопје пријави дека околу 15:30 часот во менувачница во Штип, неговиот малолетен син бил физички нападнат од вработен во објектот. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријави дека била измамена од две женски лица. Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари. Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
 
На 06.12.2025 во 09:50 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека во период од 02:00 до 09:50 часот, од угостителски објект во Пробиштип, со употреба на физичка сила и алат, од касата биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 06.12.2025 во 21:20 часот  во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.Р.(59) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од С.М.(46) од Македонска Каменица, дека околу 19:50 часот во домот на Б.Р. во Делчево, по претходна расправија, тој со употреба на остар предмет му упатил закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
 
 
На 07.12.2025 околу 01:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во Пехчево, Ј.К.(18) од с.Робово, пехчевско, 17-годишник од Берово и уште две лица, физички го нападнале М.Ч.(21) од с.Чифлик, пехчевско. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
 
На 06.12.2025 во 12:10 часот во СВР Скопје, М.Ј.(34) од Скопје пријави дека околу 10:45 часот  на подрачјето на Карпош во Скопје, комбе со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Х.(44) од Скопје, го удрило со ретровизорот во раката, а потоа В.Х. излегол од возилото и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
 
На 06.12.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, И.С.(65) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од А.А.(18) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
 
На 06.12.2025 во 07:00 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Ченто е пријавено дека околу 06:00 часот пред Поликлиниката бил пронајден починат Е.Е.(44) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
 
 
На 06.12.2025 во 14:20 часот од Казнено поправната установа Идризово е пријавено дека при преглед кај  Д.Т., И.Д и Н.В., сите осуденици во установата, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 06.12.2025 околу 22:53 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека околу 22:00 часот, вработен во затворот, додека вршел обиколка, ги затекнал Д.В. и Г.А. како конзумирале кокаин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
На 06.12.2025 во 19:45 часот во СВР Скопје, Ш.Н. пријави дека на подрачјето на Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од две лица, кои со употреба на остар предмет му упатиле закани и му ја одзеле ташната со пари, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 07.12.2025 во 02:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, настанал пожар во стан сопственост на В.С.К.. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
 
На 07.12.2025 во 02:00 часот во СВР Скопје, С.С.(56) од Скопје пријави дека околу 00:35 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, неговиот малолетен син, кој бил заедно со двајца другари, бил физички нападнат од шест лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност