Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 06.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 05/06.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Р.(41) од Р.Србија, Х.К.(32) од Р.Турција, М.И.П.Ф.(24), М.Ј.(18), А.М.(42), З.Ј.(31) и тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 05.12.2025 во 16:50 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Т.(50) од Кавадарци удрило во 52-годишната К.Е. од с.Марена, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Е. констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 06.12.2025 во 00:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар патничко возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(26), удрило во пешакот Р.Ј.(28), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 05.12.2025 во 18:40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Д.Ј.(38) од Куманово, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги Куманово. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за спровод до КПУ Затвор Куманово.

 

На 03.12.2025 на Граничниот премин „Белановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Б.(48) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола било констатирано дека за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ц.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 07.10.2025 во семејниот дом, пријавениот ја нападнал неговата поранешна сопруга, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреда.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.Ј.(30) од с.Наколец, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, сопственост на пријавениот, при што пронашле ловечка пушка калибар 16 мм, за која не поседувал дозвола.

 

На 05.12.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Б. Ј. (1989) од Кочани, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по чл.394-г од КЗ. Имено, пријавениот на 18.11.2025 во 22.48 часот на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил фотографија и текст со кој промовирал и поттикнувал насилство кон Д.Ј. од Кочани.

 

На 06.12.2025 во 03:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.С.(29) од Скопје, по претходна пријава дека во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со други две лица, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 06.12.2025 во 03:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(20) од Скопје поради тоа што околу 00:30 часот заедно со М.Д.(20) и Д.О.(19) физички ги нападнале М.М.(25) од Пробиштип и неговата девојка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 06.12.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје А.А.(25) од Скопје пријави дека околу 02:15 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од М.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(57) и О.Т.(22) од една страна и С.Н.(57) од друга страна, сите од Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.12.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје Е.Б.(56) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Гази Баба едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.12.2025 во 01:05 часот во СВР Штип е пријавено дека во објект на приватна фирма во Штип настанал пожар на трафостаница. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Штип. Повредени лица нема, а извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

              

На 06.12.2025 во Штип полициски службеници од СВР Штип ги лишија од слобода Е.У.(27) и Д.Т.(22), двајцата од Штип, поради тоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 06.12.2025 во 00:15 часот во Полициската станица Делчево Е.Ј.(50) од Делчево пријави дека од прифатилиштето каде престојувале се оддалечил неговиот внук од сестра Е.Н.(27). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

Мени за пристапност