Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 05.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Д.Џ.(33) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени седум стебла од растението канабис, а во дворното место биле пронајдени засадени четири стебла од канабис. 

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(64) од с.Преглово, општина Пласница и против А.М.(27) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „кражба“. На 06.11.2025 во с.Пласница, пријавените биле затекнати со патничко возило „опел фронтера“ без регистарски ознаки, во кое превезувале нежигосани огревни дрва и без соодветна документација.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дело „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 20.11.2025 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Р.(26) и У.Р.(54), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 26.07.2025 во Ресен, полициски службеници сопреле патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Б.Р., кој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полициски службеник. Подоцна, откако бил пронајден Б.Р., тој заедно со У.Р. физички и со тврди предмети нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правен субјект - угостителски објект од с.Мислешево, струшко, С.С.(52) – одговорно лице во објектот и против 16-годишна девојка од с.Мислешево, вработена во угостителскиот објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалаци на дете“. На 10.10.2025 во угостителскиот објект во с.Мислешево, пријавените дозволиле и точеле алкохол на малолетници, при што на еден од нив му се слошило. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Р.(52) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. На 16.09.2025 на катастарска парцела во државна сопственост во Тетово, пријавениот градел потпорен ѕид за кој не поседувал соодветна дозвола издадена од надлежен орган.

 

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 30.11.2025 во близина на Куманово, полициски службеници забележале патничко возило ,,фолксваген пасат’’, во кое се превезувале пријавените, а кое не застанало на даден знак. Набргу, возилото запрело, а пријавените се обиделе да побегнат. По преземени мерки, тие се пронајдени и лишени од слобода, а во возилото се пронајдени пет лица - мигранти, од кои тројца од Мароко, еден од Алжир и еден од Судан.

 

На 04/05.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Е.Н.(28) од Скопје и Д.М.(26) од с.Долно Лисиче, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 04.12.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.О.М.(26) од Полска затоа што при гранична контрола и проверки во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, пронајдени и одземени се картонски кутии во кои имало печурки-габи со психотропно дејство. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија. Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината, ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р.С. Македонија, што според закон биле обврзани да го направат.

 

На 05.12.2025 во 00:10 часот во с.Волковија, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Г.С.(25) од с.Волковија. Кај него е пронајдено патничкото возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на И.Ј.(49) од с.Брвеница, тетовско, за кое претходно било пријавено дека било одземено. Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а Г.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

 

На 04.12.2025 во 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека наспроти црквата „Св.Спас“ во Скопје настанал пожар во напуштен објект. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против А.А.(38) од с.Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 09.09.2025 во дворно место во с.Ерџелија, пријавената физички нападнала малолетник.

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Ј.С.(35) од с.Туралево, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправно градење”. Пријавениот, кон крајот на 2024 година, откако купил стан во станбена зграда во Кратово, го узурпирал дворното место од станбената зграда, без притоа  да обезбеди одобрение за градба, издаден од надлежен орган и изградил бетонска тераса со бетонски столбови.  

 

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Б.(40) од с.Габревци, В.Р.(52) од с.Ракитец, Љ.М.(64) од с.Долни Липовиќ, Г.Р.(71) од с.Ракитец, М.М.(67) од с.Ракитец, В.Н.(71) од с.Долни Липовиќ, В.И.(48) од с.Ракитец, С.Р.(33) од с.Ракитец, Г.К.(51) од с.Дедино, М.Д.(50) од с.Габревци и Ј.Б.(47) од с.Габревци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 10.11.2025, пријавените без да поседуваат дневна дозвола за ловење на дивеч во ловиште и во ден понеделник, кој со одлука на Управниот одбор на Здружение ловечко и риболовно друштво „Студенец“ од Конче не е одреден како ден за лов, отишле на лов на диви свињи во атар на с.Габревци, општина Конче.

 

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143  од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

 

На 04.12.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(34) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот на подрачјето на Карпош, три лица откако го испрскале со пепер спреј, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.12.2025 во 00:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на 04.12.2025 во фабрика на подрачјето на општина Илинден, 49-годишната С.А. од Велес додека извршувала работни задачи се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Општата болница Велес.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“. Тој, во својство на инвеститор, без одобрени за градење извршил доградба на објект за малостопанство,  а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци. На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.

 

На 04.12.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријави дека на 25.11.2025 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, нивната 15-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К.(43) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.12.2025 во 19:40 часот во СВР Скопје, П.И.(30) од Пробиштип пријави дека околу 11:40 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ј.И.(66) од Скопје.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.12.2025 во  15:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(42) од Скопје пријави дека на 01.12.2025  во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот деветгодишен син бил физички нападнат од баба на негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.12.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Г.Г.(43) од Скопје пријави дека на 03.12.2025 во основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.12.2025 во 21:55 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 43-годишната А.Р. од с.Мршевци, скопско, затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.12.2025 во 15:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

Мени за пристапност