Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „бесправно градење“, против правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа“ и против Б.И.(33) од Гостивар, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, во периодот од 2022 година до 10.02.2024 во Гостивар, во својство на инвеститор изградил индивидуален станбен објект  спротивно на одобрението за градење. Б.И., кој е и одговорно лице на правното лице, изготвил фиктивен завршен извештај за извршен технички прием во кој се внесени невистинити податоци.  

 

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „криумчарење на мигранти’’. На 30.11.2025 на автопатот Скопје - Куманово, на наплатна станица Романовце, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што во возилото пронашле седум лица мигранти од Египет, од кои четири малолетници.

 

На 03.12.2025 во 12:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(28) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.12.2025 во 13:35 часот во СВР Скопје од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 07:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.12.2025 во 07:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од бул.„Илинденска“ со ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(54) од Тетово, удрило во 57-годишната Х.Ќ. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.Ќ., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 03.12.2025 во 18:49 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 18:40 часот во финансиско друштво на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, две лица со закана од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.12.2025 во 18:15 часот на Граничен премин Белановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Б.(48) од Косово, затоа што  при  извршена пасошка и гранична контрола и проверки во оперативната евиденција констатирано е дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј.(40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство врз дете“. На 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 29.05.2025, 21-годишна девојка од Тетово пријавила дека пријавениот ја вознемирувал и прогонувал.  

 

На 03.12.2025 во Охрид, по претходно добиена судска наредба, полициски службеници, извршиja претрес во домот на М.И.(21) од Охрид, при што биле пронајдени и одземени семки од канабис и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И.(47) од с.Палиград, општина Зелениково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 09.10.2025, пријавениот пронашол платежна картичка, сопственост на лице од Кичево, по што неовластено ја искористил и извршил неколку трансакции и плаќање за негови лични потреби.  

 

На 03.12.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, две лица со закана со остар предмет одзеле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.12.2025 околу 17:00 часот во СВР Скопје, М.П.Ч.(40) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот во двор од куќа на подрачјето на Бит Пазар, тројца малолетници ја нападнале со тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На  03.12.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Х.М.(43) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири малолетници кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.12.2025 во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од с.Кучевиште, скопско, пријави дека на 01.12.2025 околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.12.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност