Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против К.Е.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 23.10.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.
ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против К.Т.(26) од с.Дебреште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на jавен превоз без поседување на лиценца”. На 23.09.2025 на регионалниот пат с.Суводол-Скопје, атар на с.Суводол, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ман“, управувано од пријавениот, при што е констатирано дека не поседувал возачка дозвола, ниту лиценца за вршење јавен превоз.
На 08/09.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Б.(39) од Скопје, Б.И.(24) од с.Батинци, скопско и Т.С.(33) од Албанија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.12.2025 во 03:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Г.(43) од Скопје. Од пожарот оштетени биле гаража, како и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. (45) од Скопје и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(64) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.
На 08.12.2025 околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А., сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.12.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Скопје, патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(36) с.Жубрино, кичевско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(61) од Скопје, сопатник од возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „ауди“ Ф.Б.(32) од с.Жубарино, кичевско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Општата болница Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.12.2025 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци и полициски службеници од Единица за службени кучиња, со судска наредба. извршија претрес во домот и помошни простории на А.К.(33) од село Марена, кавадаречко и во возилото кое го користел. При претресот во домот се пронајдени и одземени ловечка пушка, куршум за автоматска пушка и три иницијални каписли за индустриски чекан, кои ги поседувал без соодветна документација. Додека, во возилото е пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Со А.К. е извршен службен разговор, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.12.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.А. (56) од село Черкезе, кумановско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол со рамка со седум куршуми. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 08.12.2025 во 17:00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(34) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 388 парчиња различни пиротехнички средства, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На ул.„Исеин Акиоски“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над Е.М., при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 08.12.2025 во 16:30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, врз основа на судска наредба, го приведоа Н.Р.(42) од с.Врапчиште, кој бил баран за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно без поседување дозвола од надлежен орган“. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
На 08.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена пријави дека на 08.10.2025 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С., кој употребил и тврди предмети, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.12.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.К.(43) од с.Драчевица, општина Студеничани, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет го нападнал М.Ч.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.12.2025 во 20:45 часот во СВР Скопје, М.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 19:05 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од И.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.12.2025 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.Н.(32) од Скопје, затоа тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.