Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 06.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 06.08.2026

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 18.03.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Џ.(22) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „загрозување на сигурноста“. На 15.07.2026 во Крива Паланка, пријавениот се обидел физички да нападне вработено лице од Центарот за социјални работи Крива Паланка.   

 

На 05.08.2026 на подрачјето на Карпош во Скопје,  полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 25-годишната М.Ј.Г. и В.Г.(35), двајцата од Велес, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.08.2026 во 01:30 часот на ул.„107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Ј.(20) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.08.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски  Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Б.М. и мотоцикл „хонда“, управуван од Е.А.(24), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот сопатник Р.И.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле А.Б.М и нејзината малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и ЈЗУ Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 05.08.2026 во 08:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.М.(32) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на минатата недела во семејниот дом им се заканувал на родителите со остар предмет, а на 03.08.2026 откако не му биле дадени пари искршил дел од покуќнината и се обидел со остар предмет да го нападне неговиот 61-годишен татко. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.08.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, патничко возило „фиат“ удрило во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот. 

 

На 05.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(35) од тетовско. Претходно, неговата 31-годишна поранешна сопруга пријавила дека и покрај решението од Основен суд Тетово со кое била изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство и забрана за вознемирување, тој во повеќе наврати телефонски ѝ упатувал закани, а на 04.08. и 05.08.2026 ја вознемирувал на нејзиното работно место. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

Во СВР Скопје од Казнено - поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека во надворешна просторија од установата била пронајдена и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.08.2026 во СВР Тетово, 42-годишна жена од Тетово пријави дека околу 15:20 часот во Тетово била физички нападната од нејзината снаа К.М.(43). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.08.2026 во 17:20 часот во ОВР Берово е пријавено дека на локален пат Берово- Абланица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Берово и патничко возило „бмв“ со британски национални ознаки, управувано од И.С.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во  Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово. 

 

На 05.08.2026 во 23:20 часот во село Сливник, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.И.(45) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка. Полициските службеници сопреле патничко возило „форд“, управувано од Б.И. и при преглед во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана.  Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На  05.08.2026 во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп -Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски национални ознаки, управувано од В.К.(35) од Србија, патничко возило „сеат” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од Пробиштип, товарно возило „фиат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(57) од Охрид и патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(32) од Битола. Во несреќата, возачите В.К., С.М. и М.К., како и М.М.(34), С.Ж.(36), М.З.(35), сите од Србија, сопатници од возилото „цитроен“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека, возачот В.П. и Д.А.(35) од Пробиштип, сопатник во возилото „сеат“, се здобиле со телесни повреди, констатирани, исто така,  во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

На 05.08.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.С.(40) од село Орашац, кумановско. Тој бил затекнат во село Орашац како сече и товари дрва за кои немал соодветна документација. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 06.08.2026 во 06:10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.А.(40) од Неготино,  постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите родители. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,17 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 05.08.2026 во 14:30 часот на локалниот пат за с.Горна Белица, струшко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово го приведоа К.Х.(34) од Република Албанија. Тој бил затекнат при извршување работни задачи без работна дозвола за лицето А.И. од с.Радолишта. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка.

 

На 05.08.2026 во 18:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Н.А.(58) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 05.08.2026 околу 18:10 часот во нејзиното дворно место физички нападнала 37-годишна поранешна сопруга на нејзиниот син. Таа била задржана во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 05.08.2026 во 13:00 часот во Полициското одделение Новаци, М.А.(46) од Кавадарци пријави дека во домот на нејзиниот татко во село во општина Новаци, нејзиниот внук Н.П. физички ја нападнал . Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 05.08.2026 во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снима караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

 

На 05.08.2026 во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено -  поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од  пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соoдветна пријава.

 

На 05.08.2026 во 17:20 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на регионален пат Кичево - Македонски Брод, кај месноста Бели Мостој,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Е.С.(63) од селото Лисичани, возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од Б.З.(31) од с.Пласница и патничко возило „голф“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.Ш.(25) од село Пласница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ш., додека  17 - годишно лице - сопатник во истото возило и возачот Е.С. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

 

На 06.08.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје, В.К.(33) од Скопје пријави дека на 05.08.2026 околу 16:55 часот пред продажен објект каде работел, на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од М.З. и уште неколку други лица, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.08.2026 во 11:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.З.(49) од с.Јурумлери, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.08.2026 во 09:05 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ќ.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.08.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 05.08.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријави дека нејзиниот сопруг Љ.С., со кого биле во бракоразводна постапка, ја следел и испраќал фотографии преку мобилна апликација од локациите на нејзиниот син, а преку лице кое го познавало нејзиниот син, му упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.08.2026 околу 20:00 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(25) од с.Крушопек, скопско, пријави дека на патот кон с.Крушопек застанале две возила и од едното возило излегле две лица, од кои едното држело во рака остар предмет, а од другото возило излегол А.С.В. од с.Сарај, скопско, со кого претходно имале недоразбирање и репетирал пиштол кон пријавителот, а потоа го нападнал со кундакот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност