Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 05.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Битола поднесе кривична пријава  против К.Ј.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот  неовластено набавувал и продавал кокаин на повеќе лица.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 22.06.2025 во СВР Куманово било пријавено дека пријавената следела и вознемирувала лице од Куманово со фотографирање и испраќање фотографии и пораки на мобилниот телефон на друго лице.

               

На 04/05.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Б.(25) и М.Р.(30), двајцата од Скопје и А.Д.(31) од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 04.09.2025 околу 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Нерези- Скопје, Д.Д.(28) од Скопје, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 04.09.2025 околу 20:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од с.Љуботен, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(28) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 04.09.2025 во 21:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„100“ во с.Ново Село, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Ш.(26), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ш. и неговата сопатничка И.В.(27) од с.Волково, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

               

На 04.09.2025 во 22:30 часот во СВР Битола, било пријавено дека на крстосницата од ул.„7-ми Јули“ и ул.„Широка“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Битола и мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ф.П.(20) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 04.09.2025 во 06:45 часот на Граничниот премин Стење, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А.(54) од Р.Албанија, кој управувал товарно возило „сканиа“ и полуприколка „рендерс“ со албански национални ознаки, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека приложил фалсификувана сообраќајна дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (05.09.2025) во 01:30 часот во Полициската станица Карпош, И.П.(53) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата тетка Н.Ј.(76) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 04.09.2025 во 13:10 часот во СВР Скопје, И.Ц.(77) од Скопје пријавил дека околу 10:40 часот во објект на приватна образовна институција на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од Б.Ф.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје, И.С.(37) од с.Арачиново, скопско, пријавила дека околу 17:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2025 во 20:15 часот во СВР Скопје, Ј.К.(52) од Скопје пријавила дека околу 16:20 часот на автобуска постојка во Долно Нерези била физички нападната од Ќ.И.(61) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2025 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, поради тоа што околу 16:20 часoт на паркинг простор, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу себе. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 04.09.2025 во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле З.В.(41) од Скопје, затоа тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

Денеска (05.09.2025) во 00:05 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 04.09.2025 во 20:40 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот 70-годишен татко биле физички нападнати од нивниот зет М.П.(23) од скопско село, кој е во бракоразводна постапка со ќерката на пријавителот и кој притоа употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.09.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје П.Б.(47) од с.Кучевиште,скопско, пријавил дека на 02.09.2025 околу 19:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2025 во 18:20 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ј.И.(29) од Гостивар, кој бил баран со потерница согласно судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 04.09.2025 во 20:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Лојане, општина Липково, со повреди било пронајдено едно лице мигрант. Екипа на Итна медицинска помош му укажала помош, а полициски службеници констатирале дека лицето е М.Р.Н.(38) од Авганистан и според негово кажување бил физички нападнат  на територија на Република Србија. Се работи на расчистување на случајот. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 02.08.2025 во Градската депонија во Струга, пријавените запалиле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици за да ги продадат, но биле затекнати од вработените во Територијалната противпожарна единица Струга и биле пријавени во ОВР Струга.

 

 

 

Мени за пристапност