Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Ќ.(30) и И.С.(26), двајцата од с.Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги ,психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домови, при што биле пронајдени и одземени ловечка, боева и маневарска муниција, алат за изработка на ловечка муниција, експлозивни направи и марихуана.

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје поднесе кривична пријава против П.М.Т. (47) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 15.07.2025, пријавениот до Оделението за странци доставил фалсификувани документи за привремен престој во државата.

 

На 03.09.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Б.(42), В.Н.(26), Д.С.(23), С.К.(29), Р.А.(30) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 03.09.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- Велес, атар на с.Колонија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(58) од Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(55) од Скопје, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(50) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од с.Мралино, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка Г.С. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 03.09.2025 во 14:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружен тек од ул.„Адем Демачи“ и ул.„Лазо Трповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(38) удрило во 76-годишната Г.Б., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

               

На 03.09.2025 околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во Х.Ј.(36) од Скопје, кој излегувал од патничко возило „тојота“ кое претходно го паркирал, а возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

 

На 03.09.2025 околу 14:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул. „Февруарски Поход“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Б.Ј.(53) од Скопје удрило во 18-годишната И.И. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

               

На 03.09.2025 во 14:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Прилеп–Градско, кај надвозникот за с.Сирково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С.(76) од Битола и товарно возило „ман“ со приколка со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

               

На 03.09.2025 околу 19:50 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово–Струмица, кај место викано „Цикарски колиби“ патничко возило „сузуки“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.Ц.(74) од Берово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка В.Ц.(74) од Берово, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници извршиле преглед на возило „мерцедес“, во кое се превезувал пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и 174 семки од растението канабис.

 

На 03.09.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 15:20 часот во с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар во нива, сопственост на А.Ј. од с.Кадино, во кој биле опожарени 300 бали сено.  Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен. 

 

На 03.09.2025 во 11:30 часот во СВР Велес, Л.К.(54) од село Мартолци, општина Чашка, пријавил дека, додека изведувал градежни работи во фабрика во Велес, пронашол рачна бомба. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата. 

 

На 03.09.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје С.А.(42) од с.Чифлик, скопско, пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки управуван од пријавителот и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, бил физички нападнат од возачот на возилото, кој потоа го напуштил местото на настанот. С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.09.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Б.Н.(37) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во ходник од основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.09.2025  во 22:30 часот во СВР Скопје, Г.Ц.(60) од Скопје пријавил дека околу 19:20 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (04.09.2025) во 03:00 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.К.(53) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот брат Љ.К.(51) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ. За настанот бил известен трудов инспектор.

 

На 03.09.2025 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(28) од Скопје, по претходна пријава од М.Ш.(39) од Скопје, дека упатувал закани кон него и неговото семејство, потоа со тврди предмети удирал по куќата и влезната врата, обидувајќи се да влезе во нивниот дом и физички да ги нападне, а исто така и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.09.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје, С.К.(44) од Скопје, пријавила дека на 02.09.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.В.(25) и Ж.Д.Д.(50), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

 

Мени за пристапност