Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 03.09.2025

СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.К.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.05.2025 во Скопје, на улица Коце Металец, при извршен преглед на пријавениот, пронајдени и одземени се марихуана, марихуана помешана со тутун и амфетамин.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 16.08.2025 во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди.

 

На 02.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.К.(41), Н.У.(21) и Б.С.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 01.09.2025 во 19:39 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ари Ангеловски“ во Битола, мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(62) од Битола, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.,   констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 02.09.2025 во 06:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат  Прилеп-Битола, патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А.(62) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.А., а со телесни повреди се здобиле сопатникот Н.К.(27) од Р.Чешка и уште една малолетна сопатничка од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 02.09.2025 во СВР Куманово било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

Денеска (03.09.2025) во 02:00 часот во Скопје, З.Ф.(24) пријавила дека на 02.09.2025 околу 22:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзината сосетка Н.Ј.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2025 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(34) од Скопје, по претходна пријава дека на 01.09.2025 околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, а употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.09.2025 во  16:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар. Пожарот, што настанал во подрумскиот дел од зградата, бил изгаснат од станарите. Повредени лица нема.    

 

На 02.09.2025 во 18:14 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен при контрола со радар констатирале дека М.Н.(46) од Нов Дојран управувала патничко возило „киа” со кавадаречки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 километри на час. По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава.

 

 

Мени за пристапност