СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(54) од село Кишава, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. На 28.12.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, како и во објект на друго лице, кој бил отстапен на користење на пријавениот, при што е пронајдена и одземена автоматска пушка „М70 АБ“ калибар 7,61 мм и 258 куршуми за пушката.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Д.(65) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 21.11.2025 во Свети Николе, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што е констатирано дека вршел јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
На 04.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.О.(24) од Скопје и А.С.(25) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 05.01.2026 во 00:10 часот во с.Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Љ.А.(33) од с.Пршовце, тетовско. Тој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 04.01.2026 во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот во близина на с.Трапчин дол, кичевско, на место викано „Сеферов бунар“, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево, кој по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. При претреси во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа ножеви, додека кај Ј.Д. се пронајдени шприц исполнет со течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.01.2026 во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.01.2026 во 03:47 часот во СВР Скопје, Б.Б.(29) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар во Скопје, бил физички нападнат од две лица, кои употребиле остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (05.01.2026) во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со К.С.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.01.2026 во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 39-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.01.2026 во 12:20 часот во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор-Идризово е пријавено дека околу 10:00 часот во установата, при извршен преглед над осуденикот Х.И.(49) од кичевско, кој претходно се вратил од викенд отсуство, била пронајдена и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, управник на одморалиште на МВР во Охрид, во периодот од 02.02.2025 до 05.02.2025 и од 21.05.2025 до 26.05.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. - готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била надвор од границите на државата. Пријавениот, исто така, во периодот од 28.05.2025 до 30.11.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа. Со наведените дејствија, пријавениот овозможил Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во висина од 253.834 денари, износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи. Одделот за внатрешна контрола против двајцата поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, додека против С.М. изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против J.И. изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за надомест на настанатата штета.