Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.01.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 04.01.2026 во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од Скопје. Претходно, на 03.01.2026 во 20:55 часот на ул.„100“ во с.Волково, таа со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во пешакот Г.И.(60) од с.Волково. Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.

 

На 03.01.2026 во 10:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Т.(51) од Велес поради основано сомнение дека од викенд куќа во Велес одзел паричник сопственост на З.К.(52) од Велес, во кој имало пари и лични документи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. З.Т. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03/04.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.С.(48), Ј.А.(26), Е.Р.(21), Х.Д.(21), сите од Скопје, како и М.Б.(24) од с.Орешани, општина Зелениково, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и сина материја. По целосно документирање на случаите  ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 03.01.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа. Тие се приведени во полициска станица,  одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03.01.2026 во 12:25 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во с.Фурка, дојранско, 15-годишник од с.Фурка, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во преден дел на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(25) од с.Фурка. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

 

На 03.01.2026 во 21:40 часот на ул.„Сремска“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Е.У.(27) со престој во Штип затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“. Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор,  на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло  машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.   

 

На 03.01.2026 во 20:40 часот во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана. При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 03.01.2026 во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(65) од Скопје,  постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички го нападнал неговиот малолетен внук, при што употребил и остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2026 во 22:00 часот во ОВР Кочани, 20-годишна девојка од Кочани пријави дека во 19:00 часот во Кочани била физички нападната од Д.Н.. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 19:20 часот на подрачјето на Петровец бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 31-годишната Д.Н. од с.Волково, скопско и О.Ц.(47) од с.Р`жаничино, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, Џ.Л.(32) од Скопје пријави дека за време на новогодишната прослава на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и му оштетило прозорци и ѕид од неговата куќа.  Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 03.01.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, С.А. пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Гази Баба, неговиот син А.А.(22) бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.01.2026 во 18:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на делницата помеѓу с.Митрови Крсти и с.Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Обезбедено е местото и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 03.01.2026 во 20:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, каде бил на гости со мајка му, паднал 19-годишник од Скопје кој имал здравствени проблеми. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

Мени за пристапност