На 05.01.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Емин Бојана“ во с. Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од с.Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 05.01.2026 во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 05.01.2026 во 18:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода B.A.(58) од Р.Косово. При извршена гранична контрола, било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на СВР Штип. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во Казнено поправната установа Затвор-Куманово.
На 05.01.2026 околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.01.2026 во 10:10 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(20) од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, М.Л.(54) од Скопје пријави дека на ул.„Тодор Александров“ во Скопје, во двор од приватна фирма, пронашол залутани зрна од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.01.2026 во 00:10 часот во СВР Скопје, И.С.(25) од с.Ракотници, скопско, пријави дека на 05.01.2026 околу 22:20 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, бил физички нападнат од К.П.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 06.01.2026 во 01:31 часот во СВР Штип, Л.М.Н.(33) од Германија, со престој во Крива Паланка, пријави дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.01.2026 во 02:10 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(43) од Скопје пријави дека во с. Батинци, скопско, бил физички нападнат од Н.С.(22) од с.Батинци. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.