Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 04.11.2026

На 03.11.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ А.Д.(18) од Велес, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

На 03.11.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која го поврзува паркинг просторот со ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 48-годишниот З.Б. од Скопје управувајќи патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот А.О.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа ,Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 03.11.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „362“ во Скопје, 48-годишниот М.С. од Скопје управувајќи  товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во 6-годишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 03.11.2026 во 15:30 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од Берово пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.11.2026 во 18:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека околу 15:00 часот во семејниот дом и упатил закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03.11.2026 во 13:30 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип лишија од слобода 17-годишник од Штип, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и Меѓуопштински Центар за социјални работи Штип и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Ново Село, струмичко, против управителот на правното лице, Т.Р.(46) и против К.Р.(68) од с. Просениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и против Г.Г.(52), вработен во Агенција за управување со одземен имот од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Прво, второ и третопријавените во два наврати не извршиле квантитативен и квалитативен прием на одземена жива стока, согласно одредбите од склучениот договор за јавна набавка. Четвртопријавениот не побарал да се изврши квалитативен и квантитативен прием на жива стока, преку изготвување на соодветен записник.

 

На 03.11.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Д.(38) од с. Биљановце, кумановско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. 

 

На 03/04.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги  лишија од слобода Б.Д.(37), И.М.П.(18), А.Т.(29), Д.Д.(27), А.Б.(26), Н.К.(36) и двајца 17-годишници, сите од Скопје, како и А.О.(25) и Р.М.(31) двајцата од с. Черкези, кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и прашкаста материја.  По целосно документирање на случаите,  против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 03.11.2026 во 11:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека, Ј.Б. од струшко село, во семејниот дом физички го нападнал неговиот 67-годишен татко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03.11.2026 во 22:20 часот, во кичевско село, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.А.(59), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

ОВР Кичево поднесена кривична пријава против Е.А.(44) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ бесправно градење“. Таа, во својство на инвеститор за изградба на градежен објект во Кичево, свесно, со умисла и спротивно на одобрение за градба, извела градежни работи спротивно на одобрениот основен проект и наместо предвидената катност, поткровниот простор го претворила во станбен простор. Бесправната градба била констатирана и од овластен градежен инспектор при општина Кичево.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ц. (62) од с. Младо Нагоричане, Општина Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.08.2026 во куќа во с. Младо Нагоричане физички го нападнал М.С.(48) од Куманово, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. Х. (61) од тетовско  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 30.10.2026 пред угостителски објект во Тетово, пријавениот физички ја нападнал А.Б. од гостиварско, нанесувајќи и повреди.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Н.(28) и Е.Н.(25) двајцата од с. Теново, Општина Брвеница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 23.09.2026 во с. Радиовце, пријавените физички го нападнале Б.Ш. од с. Теново, кои употребиле метален предмет, нанесувајќи му повреди.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б. И. (42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.11.2026 во угостителски објект во Гостивар,  пријавениот му овозможил на едно лице да користи кокаин, кај кого му била пронајдена ѝ марихуана. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

 

На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко возило, во чија близина има безживотно тело.  Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.  За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 03.11.2026 во 22:00 часот во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Л. (22) од Тетово, врз основа на издадена локална потерница и распишана централна потерница за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 03.11.2026 во 15:50 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Тетово, затоа што при преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против  О.С. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.07.2026 во семејниот дом пријавениот се однесувал насилнички и упатувал закани на својот родител.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е. С. (27) од с. Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.  На 29.09.2026 во с. Отља, Општина Липково, пријавениот на даден знак за запирање, не застанал  и со товарно возило удрил во службено возило на МВР, а потоа физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

 

На 03.11.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(27) од Скопје по претходна пријава дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило, а откако пристигнала полицијата физички нападнал полициски службеници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.      

 

На 03.11.2026 околу 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош 15-годишен малолетник кој бил заедно со неговите другари, од страна на неколку малолетници со закана со остар и тврд предмет му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Џ. (51) од с. Палатица, Општина Желино, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 01.10.2026 пред угостителски објект во с. Палатица пријавениот со остар предмет упатувал недолични зборови кон Н.Т.

 

На 03.11.2026 околу 12:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки при движење управувано од Г.М.(58) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

 

 

Мени за пристапност