Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Д. и П.Д.(39), двајцата од Битола, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Второпријавениот му дал насоки на првопријавениот како преку оградата во отвореното одделение од Казнено-поправната установа Затвор Битола да достави марихуана и кокаин.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.10.2024, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“, кое го управувал пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Додека, пак, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Исто така, на 19.05.2025, при извршен претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(45) од Охрид поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „насилство врз дете“ и „неизвршување на судска одлука“. На 24.03.2026 во семејната куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот 20-годишен син, иако имал Решение од Основен суд Охрид со кое му било забрането да врши физичко и психичко насилство врз неговата сопруга и нивните деца.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Б.(30) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда’’ и „загрозување на сигурноста“. На 26.03.2026 во семејната куќа, пријавениот физички ги нападнал неговите родители, а на неговата мајка упатувал и закани со остар предмет.  

 

На 03.04.2026 во 21:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Зајас, кичевско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(69) од с.Зајас, кичевско и патничко возило „мицубиши“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(19) од с.Бачишта, кичевско, кој го управувал возилото без возачка дозвола, за што ќе следи соодветен поднесок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото „мицубиши“,  С.А.(20) од с.Зајас и А.Р.(18) од с.Бачишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мицубиши“ Б.А.(19) од с.Зајас, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 03.04.2026 во 12:50  часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.Душко Поповиќ“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.(34) удрило во пешакот Е.Ј.(43) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 03.04.2026 во СВР Скопје 30-годишен маж пријави дека истиот ден телефонски му се јавил Н.Х. и му упатувал закани кон него и неговото семејство. Исто така според пријавеното и во текот на јули 2025 истиот со уште едно лице му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.04.2026 во 00:55 часот, на улица ,,113" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Р. (32) од Тетово. При извршен преглед, кај него е пронајдена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 03.04.2026 во СВР Тетово, Н.Б. (38) од Скопје, вработен во фирма од с. Врапчиште, пријави компјутерска измама во правен субјект. Имено, при нарачка на стока од странска фирма, преку пресретната електронска комуникација, оштетените биле доведени во заблуда од страна на непознати сторители да префрлат 13.572 евра на лажна трансакциска сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.04.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„ Радовишка“ во Прилеп ги лишиле од слобода Ф.П.(27), П.Л.(19), од Прилеп и П.П.(19) од с.Селце, прилепско бидејќи при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 03.04.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Битола во градскиот парк во Битола го лишиле од слобода С.Б.( 31) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 03.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од затворска полиција од Казнено поправната установа Затвор-Прилеп при извршен преглед во просторијата која ја користи осуденикот Г.Н.(37) од Битола била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 02.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје К.Ј. (46) со моментално престојувалиште во Германија, а која на 11.03.2026 била во Р.С.Македонија заради административни причини, пријави дека во периодот од 17.03-31.03.2026 била полово вознемирувана од страна на  Б. „Н“, наводно таксист, кај кого престојувала во изнајмена соба во куќа во населба Драчево. Според пријавеното, Б.„Н“ во повеќе наврати ја допирал по телото, а на 31.03.2026 забележала дека од нејзиниот паричник биле одземени 3.500 евра, по што избегала од куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.04.2026 во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, го лишија од слобода Д.М.(48) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пиштол „застава М57“ и рамка со седум куршуми, кои ги поседувал без соодветна документација. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 03.04.2026 во 10:20 часот во СВР Скопје 30-годишен маж пријави дека од 2022 до 2025 година на неговата лична електронска пошта му стигнувале пораки со навредлива и заканувачка содржина, а последен пат му стигнала порака на 29.03.2026 откако ја сменил адресата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.04.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, С.Б.(45) од Скопје пријави дека околу 13:00 часот во установа на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзин колега Д.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.04.2026 во 02:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(47) од Скопје пријави дека околу 00:30 часот пред зграда на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.04.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно меѓусебно нетрпение бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 19-годишната С.Ш. и Ш.Ш.(40) од една страна и 45-годишната Ј.Е. и Р.Е.(48) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветен поднесок.

 

На 04.04.2026 во 00:30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.Б.(40) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 04.04.2026 во 10:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.С. (36) од Свети Николе. При преземени мерки, по претходна судска наредба, полициските службеници извршија претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што кај него се пронајдени и одземени марихуана, ножеви, запалки, пластични пиштоли и пластични пушки, таблет, мобилни телефони и ресивери. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

 

 

На 04.04.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во соба од барака кај „Чичино Село“, настанал пожар каде престојувал Ј.Д.(70). Поради вдишување на чад, истиот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од лица сместени во бараката.

 

На 03.04.2026 околу 10:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во домот каде претходно настанал пожар била пронајдена почината Х.М.(87) од Скопје која починала од задушување. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид.

 

На 03.04.2026 во 16:50 часот во Свeти Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Б.И.(36) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 14:20 часот додека управувал мотоцикл со светиниколски регистарски ознаки со голема брзина го удрил својот сосед Г.И.(56) од Свети Николе. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

На 03.04.2026 во 21:10 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Р.Ј.(71) од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од 40-годишна жена од Свети Николе дека во 18:00 часот во дворно место од куќа, во која живее пријавителката, пријавениот го покажувал неговиот полов орган на нејзиниот малолетен син и неговите другари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

На 04.04.2026 во 00:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Ц.Д. (23) од Турција, со привремен престој во државава, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.04.2026 во 16:35 часот на магистралниот пат Охрид–Струга, на место викано „Распаќе“, полициски службеници од ОКП-Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода В.Ќ.(36) од Охрид. При преземени мерки, полициските службеници извршиле преглед над патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, при што биле пронајдени  и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон. Додека, при извршен претрес во помошен објект, кој го користел пријавениот била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

 

Мени за пристапност