Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 05.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 04/05.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(49), Н.В.(46) и М.Д.(36), сите од Скопје и Р.К.(21) од Тетово, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 04.04.2026 околу 15:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Каменичка“ со ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(66) од Скопје, удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Н.(66) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Д.Н.(68) од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од екипа на ПО Македонска Каменица.

 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.10.2025, полициски службеници го забележале пријавениот како остава амфетамин во канта за ѓубре, кој е пронајден и одземен.

 

На 04.04.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје Г.С.(27) од с.Романовце, кумановско, пријави на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Н.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје М.Г.(19) од Скопје пријави дека на 28.03.2026 околу 01:50 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое најверојатно работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Н.(26) од с.Житоше, општина Долнени, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.10.2025 на патот с.Кривогаштани- с.Житоше, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, во кое биле затекнати пријавениот и уште едно лице, при што кај другото лице била пронајдена и одземена марихуана, која пријавениот претходно му ја дал.

 

На 04.04.2026 во 19:13 часот во ПС Гостивар е пријавено дека во водите на реката Вардар, на потегот кај угостителски објект во Гостивар, е забележана непозната бела материја. Увид извршија јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.04.2026 во 02:35 часот во Полициската станица Кочани полициски службеници лишија од слобода 15-годишен малолетник по претходна пријава дека на 04.04.2026 во Кочани извршил полово дејствие врз друг малолетник. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.   

 

Во СВР Штип е пријавено дека на 02.04.2026 во Клиничката болница Штип со тешки телесни повреди бил донесен Д.К.(61) од Пробиштип, а според пријавеното, со повредите се здобил при пад од куќа во с.Лезово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Мени за пристапност