Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 03.11.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р. (49) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој преку социјална мрежа уптаувал закани кон новинарката Љ.В.Т. (34) од Тетово.

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.И. (70) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност”. Пријавениот на 30.09.2025 во с.Приковци, кратовско, го пуштил своето куче без надзор и тоа го нападнало П.С. (51) од Кратово.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Д. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено организирал и овозможувал учество во игри на среќа- комар. Полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес, при што биле  затекнати 11 лица кои играле комар, а при претресот биле пронајдени пари и други предмети поврзани со организирање на комар.

 

На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Кокино-с.Длабочица, општина Старо Нагоричане, мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од А.Д.(21) од Куманово, излетал од коловозот. Од здобиените повреди на пат кон болница починал мотоциклистот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 02.11.2025 во 19:11 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на патот Делчево-с.Ѕвегор, делчевско, патничко возило „ауди а4“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од с.Ѕвегор, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А. и 19-годишната сопатничка А.М. од с. Нов Истевник, делчевско, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 

На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 02.11.2025 во 08:52 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.С.(53) од с.Врапчиште, гостиварско, со словенечка лична карта, затоа што при гранична контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на „стоп листа“ по барање на Интерпол Словенија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.  

 

На 02.11.2025 во 11:20 часот во ОВР Радовиш, од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.А.(50) од с.Подареш, радовишко. Според пријавеното, управувајќи трактор на некатегоризиран пат во атар на с.Смиљанци, радовишко, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

 

На 02.11.2025 во 20:00 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека кај месноста „Черти Камен“ во с.Отешево е пронајдена граната. На 03.11.2025, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.

 

На 02.11.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје, М.Т.(49) од Скопје пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, тој и неговата мајка биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.11.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(19) и Н.Ј.(67), двете од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.11.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ј.(43) и Е.М.(33), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.11.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека во нејзиниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен 70- годишен сопруг од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека околу 15:30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот 51-годишен сопруг. Исто така, во 21:00 часот тој пријавил дека бил физички нападнат од сопругата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.11.2025 во СВР Скопје е пријавено дека околу 13:00 часот во с.Мршевци, скопско, настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Р.Д.(70). Пожарот бил изгаснат од сопственикот и негови соседи, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

 

На 02.11.2025 околу 19:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(20) од с.Бојане, скопско, пријави дека пред угостителски објект во с.Ласкарци, скопско, бил физички нападнат од Ј.Љ.(18) и неговиот малолетен брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.(27) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“. На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б.. 

 

На 02.11.2025 во 14:10 во Полициската станица Центар, Д.С.(55) од Скопје, во својство на згрижувач, пријави дека од семејниот дом се оддалечиле неговите штитеници А.С.(11) и 12-годишната А.С.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

На 02.11.2025 во 20:41 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје починал осуденикот М.С.(73)  с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, кој на 31.10.2025 бил пренесен во здравствената установа откако му се влошила здравствената состојба.

 

На 02.11.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух. Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Мени за пристапност