На 02/03.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Р.(23), Т.Ј.(19), И.Т.(36) и малолетник, сите од Скопје и П.Б.(26) од Р.Србија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.05.2026 во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(55) од Скопје и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 14-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 02.05.2026 околу 17:10 часот во ОВР Виница е пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“ со ул.„Христо Узунов“ во Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(67) од Виница и велосипед, управуван од Ј.Ј.(78) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа Виница. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Е.А.(45) и С.А.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва. На 15.01.2026, полициски службеници ги затекнале пријавените, како вршеле бесправна сеча на огревни дрва.
На 02.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:50 часот, на регионален пат село Извор - Општина Чашка, во близина на место викано „Врановски Анови“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ.(57) од Велес. Р.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес, по што бил препратен на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 02.05.2026 во 21:20 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.И. (23) и А.В. (18), двајцата од Тетово. При преглед кај М.И. и во неговото возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, пронајдени и одземени се две пакувања со зелена тревкаста материја и мобилен телефoн. Кај А.В. била пронајдена банкнота од 500 денари во која имало остатоци од зелена тревкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.05.2026 во 10:20 часот полициски службеници од ПС Тетово во с.Џепчиште го лишија од слобода А.А.(42) од с.Џепчиште, кој претходниот ден бил пријавен од C.M.(63) од истото село, дека додека се враќал со својот трактор од нива, А.М. му се заканувал со нож, а потоа го удрил со дршка од секира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.05.2026 во Гостивар, за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Башкими од Куманово и ФК Вардар од Скопје, Ф.Р. (30) од Куманово паднал од трибина на Градскиот стадион во Гостивар, по што е пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, за укажување на помош.
На 02.05.2026 во 18:30 часот на крстосница на ул. „Тризла " со ул.„Дабничка" во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Д.А.(27) и С. Л.(27), двајцата од Прилеп, бидејќи при преглед на патничко возило „голф" со кумановски ознаки, кое го управувал Д.А. а совозач бил С.Л., пронајдена е марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.05.2026 во 19:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во с.Куклиш, струмичко, З.А. (27) од село Куклиш, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 03.05.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Н.С.(18), Н.А.(19), А.С.(26), Е.С.(19), сите од Скопје, И.Г.(19) од с.Трновац, кратовско, Д.М.(22) од Куманово и М.С.(24) од с.Тромеѓа, кумановско.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.05.2026 во СВР Скопје од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен Р.Д.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, додека се движел со неговото патничко возило „бмв“, тој бил запрен од Ј.А., кој го познавал, и по настаната расправија, бил физички нападнат од страна на Ј.А.. Подоцна, откако Р.Д. се вратил на местото, повторно бил физички нападнат од Ј.А., а потоа и од М.А. и Е.Н., при што М.А. го удрил со кундак од пиштол. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.