Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 02.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 01.05.2026 во 16:00 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Р.(25), С.Б.(21) и малолетник, сите од Скопје, З.Т.(42) и В.Н.(26) двајцата од с.Волково, скопско, и М.Б.(19) од с.Средно Коњаре, скопско затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 01.05.2026 околу 17:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и  ул.„Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По извршени проверки, било констатирано дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

На 01.05.2026 во 21:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.И.Г.(57) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола на автобус со турски национални ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта. Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 01.05.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје С.Б.(39) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром по претходна вербална расправија бил физички нападнат од В.С.(31) од Скопје и Г.„Н“ и И.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.05.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје М.Г.(31) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош на ретровизорот од патничко возило кој претходно му бил оштетен имало забиено нож на расклопување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

На 01.05.2026 во 17:20 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Г.М.(22) од село Василево, струмичко и патничко возило „фолксваген“ со германски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од село Владевци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Г.М., а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.Т(21) од село Василево, струмичко. Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

На 01.05.2026 во 18:45 часот на регионалниот пат кај Горобинска крстосница, полициски службеници лишија од слобода С.Г.(25) од Свети Николе. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, кое С.Г. го управувал и по преземани мерки, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 0,88 промили алкохол во крвта, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2026 во периодот од 07:00 до 09:00 часот, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево со судска наредба, на ул.„Првомајска“ во Делчево, извршиле претрес во дом и други простории каде престојува Ј.П.(44) од Берово, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка марка „Црвена Застава“, калибар 12 со кожен ремен и ловечки патрони. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2026 во 14:15 часот, во ОВР Гостивар од Медицинскиот центар Гостивар, е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 02.05.2026 во 03:50 часот на ул. „107“ во Тетово, полициски службеници ги лишија од слобода Д.К.(50) од с.Пирок и Ф.Ј.(24) од с. Добарце. При преглед на патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, пронајдени се четири паковки со бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР Кичево, лишен од слобода е Г.Р.(24) од кичевското село Преглово кој претходно, пред угостителски објект лоциран на улицата „Рудничка“ во Кичево, со нож ги нападнал Н.Ш.(20) и Д.Ш., двајцата од Кичево по што се оддалечил од местото. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2026 во 15:30 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 17-годишник од Неготино, затоа што откако ги забележал полициските службеници, малолетникот фрлил паковка со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Малолетникот бил приведен во полициска станица и во присуство на родител, адвокат за малолетници и претставник од Центар за социјални работи бил извршен службен разговор. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2026 во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Р.(37) од Велес. Според пријавеното, тој на регионален пат Чашка-Велес, управувајќи патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, при претекнување со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од Велес, од возилото му упатил закани, при што го следел и кога А.Ѓ. застанал со возилото, Т.Р. удрил во неговото возило, по што го напуштил местото, а по кратко се вратил и му се заканил со употреба на остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а по преземени мерки било констатирано дека Т.Р. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека во планински предел во близина на с.Страмашево, демиркаписко, В.Б.(46) од Република Чешка, поради дефект на мотоциклот кој го управувал, побарал помош за негово извлекување од местото. Од полициски службеници од ОВР Неготино и Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијална противпожарна единица Неготино, било извршено пребарување на теренот, каде лицето било пронајдено и преземено од местото во добра здравствена состојба.

На 01.05.2026 во 10:00 часот во с.Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Б.(47) од истото село, поради постоење основи на сомнение дека во текот на март и април во подрачјето на Полициското одделение Теарце извршил неколку кривични дела „кражба“, „тешка кражба“ и ,,тешки кражби во обид" казниви по член 235 и 236 од КЗ. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

На 01.05.2026 во периодот од 21:20 до 23:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти, при тоа во објект на ул. „Димо Гавроски Кара“, во тоалетните простории, пронајдени се мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, кеса со бела прашкаста материја и фолија со марихуана. Со сопственикот Е.Б. и вработениот Е.Е. бил извршен службен разговор во полициска станица. Пронајдените предмети се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

Мени за пристапност