Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 02.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против O.J.(32) од Унгарија и A.Б.(37) од Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.08.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранична проверка и контрола во возило „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј., а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на пријавените биле пронајдени и одземени кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од с.Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 17.01.2025 била извршена контрола на објект во Струга, при што било констатирано дека пријавените го прекинале доводниот кабел до електричното броило и на него поврзале бакарни жици со кои се премостувало елетричното броило да не мери потрошувачка.

 

На 01.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.А.(47), К.М.(25) и Е.О.(29), сите од Скопје и А.Б.(28) од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и остар предмет. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 01.09.2025 во 07:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„134“ и ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Б.Д. и велосипед, управуван од К.А.(76), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 31.08.2025 во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 01.09.2025 во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 11 – годишник од Куманово. Тој се сомничи дека околу 10:45 часот одзел повеќе производи од продажен објект во Гостивар. Кај него биле пронајдени предметите и вратени на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.09.2025 во 16:00 часот во с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Х.(22) од с.Селце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 233 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 01.09.2025 било пријавено дека околу 13:50 часот во Куманово бил пронајден Р.А.(34), за кој на 30.08.2025 од Јавна установа Завод за рехабилитација за деца и младинци-Скопје беше пријавено дека се оддалечил од домот во Чаир, каде што престојувал. Лицето е вратено во Завод за рехабилитација на деца и младинци- Скопје. 

 

На 01.09.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје, Ц.С.(82) од Скопје пријавила дека  околу 10:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични предмети.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.09.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, Б.Ж.(56) од Скопје пријавил дека околу 15:30 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.09.2025 во 04:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(41) од Куманово затоа што со употреба на сила влегол во продажен објект на улицата „Тане Георгиевски“ во Куманово и одзел производи. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност