СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.К.(22) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој доброволно им предал марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.05.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка калибар 7,62 мм со две рамки и 25 куршуми калибар 7,62 мм.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(36) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 24.05.2026 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон неговата мајка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.А.(71) од Скопје, со престој во с.Црнилиште, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 10.10.2025 на нива во атар на с.Црнилиште, пријавениот запалил сува трева, со што предизвикал пожар.
На 01.06.2026 во 19:00 часот на ул.„Натанаил Кучевишки“ на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.К.(21) и Ќ.К.(20), двајцата од Скопје. При контрола во патничко возило „мг“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., а сопатник бил Ќ.К., биле пронајдени и одземени дробилка со марихуана, нож и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
На 01.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Н.(18) од Скопје, Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско и М.С.М. од Шведска затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.06.2026 во 14:38 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(21) од Битола и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(67) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“, 76-годишната К.Т., додека со телесни повреди 56-годишната сопатничка од истото возило С.М., двете од Прилеп, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 01.06.2026 во 18:12 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.П.(52) од с.Порој, тетовско. Според пријавеното, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки на бул.„Видое Смилевски Бато“ околу 16:30 часот, тој изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со повредите. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
На 31.05.2026 во 11:30 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Снегово, битолско, на стариот пат над германските гробишта, била пронајдена артилериска граната, односно празна чаура од граната калибар 75мм од Првата светска војна, а на 01.06.2026 била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
На 01.06.2026 околу 09:40 часот во локал на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги приведоа С.Ј.(62), И.Д.(58) и С.Љ.(63), сите од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.06.2026 полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Х.З.(74) и А.Р.(69), двајцата од с.Сенокос, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од Е.Р.(37) од с.Градец, гостиварско, дека во комбе физички го нападнале и му се заканувале на неговиот малолетен син, кој се враќал од училиште. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој била поставена спомен плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак, кој објект, согласно член 20 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја е заведен во регистер на спомен обележја како заштитен објект на културно наследство и е заведен во програма за одбележување на значајни настани и личности со спомен обележја во општина Куманово. На таа локација, првопријавениот, во својство на инвеститор на градба извршил градежни работи и изградил градба од втора категорија, без претходно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам при општина Куманово, со што постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата. Додека пак, второпријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, а која била должна да ја утврди согласно член 9 од Закон за инспекциски надзор во врска со член 2 а од Закон за градење.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36) од село Черкези, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство, ја следел и ја вознемирувал од различни телефонски броеви неговата поранешна партнерка, а притоа ѝ упатувал и закани.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.И.(20), А.О.(48) од с.Слупчане, општина Липково и Ф.С.(19), А.С.(22) и С.О.(22), тројцата од с.Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.04.2026 во угостителски објект во с.Слупчане, по претходна расправија, пријавените физички се пресметале, додека првопријавениот и Ф.С. со употреба на тврд предмет го нападнале Л.С..
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К.(86) од Косово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.05.2026 на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, при извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 6,35 мм.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.04.2026, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Т.(44) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.05.2026 во с.Лески, по претходна расправија, пријавениот нападнал 19-годишник.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М.(24) и А.М.(21), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.11.2025 кај место викано „Вила вон град“ во Кочани, пријавените со тврди и метални предмети го нападнале Џ.С.(30) од Крива Паланка, при што му го оштетиле неговото патничко возило. Исто така, ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против Џ.С.(30) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 13.11.2025 на место викано „Вила вон град“, пријавениот со употреба на сила го ставил А.М.(21) од Кочани во патничко возило, го држел, а други лица кои седеле на задното седиште физички го нападнале, по што го извадиле од возилото и заминале.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Т.(33) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 16.04.2026 во сопствениот дом, по претходна расправија, пријавениот му го одзел мобилниот телефон на И.Ј. и го нападнал со тврд предмет, при што му нанел тешки телесни повреди.
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.Р.(34) од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед над пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициската станица Струмица, а по поднесување на кривичната пријава, тој е изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.И.(36) од с.Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 17.05.2026 во маркет во с.Долгаш, пријавената физички нападнала десетгодишно дете.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.З.(34) од с.Заграчани, струшко и Л.Х.(46) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. Во атарот на с.Вишни, струшко, првопријавениот А.З., иако не поседува пропишана концесија или дозвола за експлоатација на минерални суровини на парцели издадена од надлежен орган, го ангажирал второпријавениот Л.Х., кој со работна машина багер вршел незаконит ископ на минерални суровини и транспорт со товарно возило. На тој начин пријавените извршиле противзаконски ископ на околу 5000 кубни метри на минерална суровина без концесија на површина од 10.104 метри квадратни, констатирано при вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за техничка инспекција.
На 01.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(24) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба во влез од зграда била физички нападната од С.Б.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.06.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(40) од с.Студеничани, скопско, пријави дека претходниот ден околу 11:00 часот пред неговиот угостителски објект во близина на с.Батинци, скопско, бил предизвикан пожар. Според пријавата, сторителот влегол во дворно место на куќа што граничи со угостителскиот објект и запалил косена сува трева, по што настанал пожар, кој се проширил по целиот двор и стигнал до оградата со локалот. Пожарот бил изгаснат, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
На 01.06.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријави дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари. Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требал да му посредува при земање на кредит од банка, односно во неколку наврати му ги дал парите за покривање за трошоците за подигање на кредитот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.06.2026 во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.К.(38) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 01.06.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговата 33-годишна сопруга и нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријaва.
На 01.06.2026 во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Д.(36) од Битола затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.06.2026 во 14:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиja од слобода С.К.(36) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.06.2026 во 01:20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(46) од Скопје затоа што при обид за легитимирање од страна на полициски службеници извадил пиштол и испукал еден куршум кон полициските службеници, по што се дал во бегство, а по преземени мерки бил пронајден и приведен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 02.06.2026 во 03:00 часот во кругот на РЕК Битола - рудник „Суводол“, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Д.Ќ.(25) од Битола и С.А.(18) од Прилеп, затоа што биле затекнати при вршење на тешка кражба во комбинатот. Одземеното било вратено, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.