Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници го затекнале пријавениот во патничко возило „пежо“ на ул.„Браќа Миладиновци“ и при преглед на возилото биле пронајдени и одземени кокаин и амфетамин.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.С. од с.Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”. На 26.01.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес извршиле претрес во домот во кој живее пријавениот, при што бил пронајден пиштол „застава“ калибар 7,62 мм.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава со против Ф.Д.З.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 04.01.2026 во угостителски објект во Куманово, пријавениот се однесувал агресивно и упатил закани на полициски службеник. 

 

На 31.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.И.(21) и А.Д.(40), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и шише исполнето со течност. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 31.05.2026 во 08:25 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес -  Градско, патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес.

 

На 31.05.2026 во 18:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистрален пат на превој Стража се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(69) од Кичево, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(43)  од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(45) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

        

На 31.05.2026 во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија. Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

 

На 31.05.2026 во 14:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.П.(33) од с.Чегране, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(40) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во  Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.С.(47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 10.05.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени 50 парчиња незаконски уловена риба. Исто така, тој од неговата викенд куќа доброволно предал 11 парчиња рибарска мрежа и гумен чамец кои ги користел, со што на концесионерот му причинил материјална штета од 52.000 денари.

 

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Џ.Д.(29) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Радовиш, при што биле пронајдени пиштол, муниција и пушка.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, без знаење и согласност на неговиот татко, ги искористил личните податоци од неговата лична карта и на 08.08.2025 аплицирал за онлајн кредит во финансиско друштво во износ од 15.000 денари.

 

На 31.05.2026 во 16:50 часот во атар на с.Србјани, до река Треска, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Д.(69) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава од М.Б.(60) од Кичево, вработен како рибочувар во риболовно друштво, дека во 16:45 часот физички го нападнал, при што се обидел да употреби и остар предмет. При лишувањето тој агресивно се однесувал кон полициските службeници, а по извршените проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.05.2026 во 21:15 часот во ОВР Струга е извршен службен разговор со Ф.Д.(23) од с.Франгово, струшко, постапувајќи по претходна пријава од А.М.(20) од с.Делогожди, струшко, дека на 30.05.2026 околу 20:00 часот на ул. „Борис Кидрич “ во Струга физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 31.05.2026 во 19:45 часот во с.Долно Палчиште, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.С.(21) од с.Боговиње. Откако ги забележал полициските службеници тој фрлил кесичка со марихуана, која е пронајдена и одземена. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.05.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа А.И.(23) и Љ.Б.(23), двајцата од Тетово. Околу 20:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б., а сопатник бил А.И., при што сопатникот одбил да се легитимира, двајцата не дозволиле нивен личен преглед, а возачот Љ.Б. агресивно се однесувал и се заканувал на полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 01.06.2026 во 00:35 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Ѓ.(24) од Тетово затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 31.05.2026 во 11:07 часот во СВР Скопје, С.Б.(28) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со физичка сила и закана со остар предмет му одзело пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 31.05.2026 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје, малолетник физички нападнал друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, Р.И.(68) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност