СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(21) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 13.07.2025 во Кратово, пријавениот попречувал полициски службеник при извршување службени дејствија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Б.(48) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле вага и дробилка со остатоци од растението канабис, други предмети со остатоци од марухуана, додека кај пријавениот било утврдено присуство на метаболити од тетрахидроканабинол – психоактивна компонента.
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.С.(51) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, преку мобилни апликации и на меил, подолг период испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга, а истовремено на неговата малолетна ќерка и пишувал пораки со навредувачка и вулгарна содржина.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.
На 06.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Т.(22) од Скопје, Ш.О.(37) од с.Ќојлија, општина Петровец, Г.К.(31) и И.Б.(23), двајцата од нас.Илинден, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.08.2025 околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
На 06.08.2025 околу 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Павле Илиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од Скопје и мотоцикл „лонгија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 06.08.2025 во 10:40 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р2243 во с.Биџево, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од с.Мислодежда, струшко и велосипед управуван од Р.Т.(79) од с.Биџево, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
На 06.08.2025 околу 07:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај с.Строгомиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(58) од с.Зајас, општина Зајас и товарно возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(34) од с.Колари, кичевско, по што патничкото возило „ауди а4“ удрило во паркирано патничко возило „ауди а5“, сопственост на К.З.(27) од с.Горно Строгомиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди а4“, И.Л, додека со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило Г.Ј., констатирани во Медицински центар Кичево. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
На 06.08.2025 околу 21:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“, управуван од 15-годишник од Струмица и мотоцикл „педа“, управуван од А.Н.(19) од с.Василево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 12-годишен сопатник од мотоциклот „педа“ од Струмица, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.
На 07.08.2025 во 02:00 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Д.С. од Виница. Според пријавеното, пред угостителски објект на бул.„Маршал Тито“ во Виница, Н.К. од Виница со остар предмет му нанел убодни рани во стомакот на Д.С. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 06.08.2025 околу 15:00 часот во Полициската станица Драчево, М.И.(21) од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа на подрачјето на Драчево паднало заталкано зрно од огнено оружје. Зрното било подигнато и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (07.08.2025) во 00:30 часот во Полициската станица Центар, М.Н.П. (52) од Скопје пријавила дека на 06.08.2025 околу 20:30 часот на подрачјето на Центар, три лица физички го нападнале нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (07.08.2025) во 00:37 часот во Полициската станица Чаир, Б.П.(44) од Скопје пријавил дека на 06.08.2025 во 23:00 часот пред спортска сала на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.08.2025 во 08.45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Негорци, гевгелиско, настанал пожар во куќа сопственост на С.А.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.