СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 20.06.2025, по претходна расправија, пријавениот се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 37-годишна сопруга.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 04.07.2025 во угостителски објект во Струга, по претходна расправија, пријавениот со тврд предмет го нападнал А.В. од Струга.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(21) и 17-годишник, двајцата од с.Блаце, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На место викано „Радушка река“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд транзит“, сопственост на правно лице, управувано од Е.Б., при што се пронајдени и одземени различни производи за кои не поседувале соодветна документација.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.К.(37) од с.Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид и „телесна повреда“. На 03.08.2025 во дворот на родителите на неговата сопруга, по претходна расправија, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка, при што употребил остар и тврд предмет.
На 07.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.А.(31), И.Н.(34), Љ.Е.(21) и малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг. Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет. Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош, а таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2025 околу 06:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(32) од Скопје, удрило во бетонска жардињера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 07.08.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од В.И.(63) од Скопје и друг велосипед, кој го напуштил местото на несреќата. Притоа, велосипедистот В.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 07.08.2025 околу 15:10 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат Градско-Прилеп, Г.Ш.С.(28) oд Република Турција, со привремен престој во с.Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
На 07.08.2025 во 13:50 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор на ул.,,Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од Битола, удрило во пешакот В.М.(78) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Т., констатирани во Клиничка болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 07.08.2025 во 23:17 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат за с.Дедебалци во насока кон с.Путурус, општина Могила, 14-годишник од с.Добромири, општина Новаци, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 07.08.2025 околу 19:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево–Гостивар, 51-годишниот Ш.Р. од с.Доброште, тетовско, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
На 07.08.2025 во 20:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(67) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешаците Г.Т.Т.(61) и С.Н.(58), двете од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Т.Т., додека со телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 07.08.2025 во 16:35 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.(40) од Франција затоа што при гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со француски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во базата на Интерпол како украдено. Возилото било одземено, а лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.
На 07.08.2025 во 19:15 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(50) од Сојузна Република Германија затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.
На 08.08.2025 во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
На 07.08.2025 во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 07.08.2025 во 09:57 часот во СВР Скопје, Ф.У. пријавил дека од семејниот дом на згрижувачко семејство во Скопје се оддалечил Н.С.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.08.2025 во 12:15 часот во Полициската станица Центар, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.08.2025 во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Б.Д.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 32-годишна партнерка од Скопје дека физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2025 во 11:35 часот во СВР Скопје, Л.А.(73) од Скопје пријавила дека на 06.08.2025 околу 20:00 часот во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело личниот накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице. Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.08.2025 во 00:55 часот во СВР Скопје, И.П.(37) од Скопје пријавил дека во 22:25 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Н.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2025 околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бучинци, скопско, околу 20:40 часот, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.М.(29) и С.М.(47), двајцата од с.Бујковци, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.08.2025) околу 00:30 часот во СВР Скопје, С.Е.(45) од Шуто Оризари, скопско, пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, била физички нападната од С.И.(60) од Шуто Оризари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2025 во 16:35 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.