Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок 09.08.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 08.08.2025 во 21:30 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Г.(24), Т.П.(44), М.С.(24), М.А.(23), сите од Скопје и Ч.Г.М.(24) од Италија затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 08.08.2025 во 19:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.М.(31) од Сојузна Република Германија затоа што при гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидира во базата на Интерпол како украдено. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 08.08.2025 околу 07:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишната М.Н. од Куманово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, 25-годишниот М.Џ. од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од А.М.(30) од Горно Јаболчиште, општина Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, М.С.(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“, паркирано од И.Г.(47) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, при што било констатирано дека возачот М.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,00 промили алкохол во организмот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.08.2025 околу 19:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -  Радовиш, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(22) од с.Ињево, радовишко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Т.З.(22) од с.Ињево, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.  
На 08.08.2025 во 12:50 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека во с.Ораовица, радовишко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(23) од с.Ораовица и електричен тротинет, управуван од малолетничка од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

На 08.08.2025 во 10:45 часот во СВР Скопје, Д.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од Г.В., кој употребил тврд предмет и му го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Денеска (09.08.2025) во СВР Скопје, Д.Ј.(33) од Тетово пријавил дека околу 01:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од Р.В. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.08.2025 во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир во Скопје настанал пожар на бандера сопственост на ЕВН Македонија и куќа сопственост на С.К.(63) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Екипа од ЕВН излегла на местото било констатирано дека со кабелот, кој го предизвикал пожарот, била вршена кражба на електрична енергија. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 08.08.2025 во 19:53 часот СВР Скопје било пријавено дека на Транспортен центар Скопје настанал пожар во автобус сопственост на ЈСП Скопје, во кој немало патници. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 08.08.2025 во 20:25 часот во СВР Струмица, С.М.(34) од Струмица пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка Б.М.(16). Според пријавеното, таа се сомнева заминала кај лицето Б.С. со кого била во врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

На 08.08.2025 во 20:15 часот во СВР Скопје, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 00:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје била физички нападната од С.Е.(44), сопруга на нејзиниот внук. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.08.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена од Гостивар пријавила во семејниот дом во скопско село била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Н.Д.. од селото. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (09.08.2025) во 03:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„Јане Сандански“ во Скопје било опожарено патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Х.(55) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 На 08.08.2025 во 09:03 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Б.(18) од с.Марино, општина Илинден. Според пријавеното, околу 01.30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, тој бил физички нападант од Д.Н., кој го познавал, при што се здобил со повредите. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

 

Мени за пристапност