На 09/10.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А.(51), М.И.(33), Н.Ф.(27), А.С.(28) и Д.С.(39), сите од Скопје, затоа што кај нив били пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.08.2025 околу 16:10 часот во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е.К.(18) од Република Турција. Постапувајќи по претходна пријава и барање на сопственикот на станот во кој престојува како потстанар А.Е.К., полициски службеници извршиле преглед и контрола во станот, при што пронашле и одзеле марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и шиши исполнето со течност. За настанот бил запознаен јавен обвинител и негово целосно расчистување и документирање, против А.Е.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.08.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Народен Фронт“, ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(33) од Скопје, удрило во пешаците С.З.(81) и Д.А.(80), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.А., додека со телесни повреди С.З., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 09.08.2025 во 15:30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Р235 во Маврово, околу езеро до с.Бунец, 37-годишниот А.К. од Гостивар, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 09.08.2025 во 18:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на патот Тетово-Гостивар, во с.Синичане, општина Боговиње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.С.(20) од с.Боговиње и мотоцикл управуван од А.Б.(28) од с.Синичане, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Б., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.
На 09.08.2025 околу 09:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од скопско пријавила дека во семејниот дом во скопско, нејзиниот сопруг Н.М.(32) подолг период психички и физички ја малтретирал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 09.08.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, И.И.(47) од Скопје пријави дека околу 00:45 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од Б.А. од Тетово и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 09.08.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, Љ.К.(43) од Скопје пријавила дека на 08.08.2025 околу 19:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2025 околу 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Д.(55) с.Волково, скопско и С.С.(30) од с.Студеничани, скопско. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.08.2025 во 13:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит на С.Ф.(60) од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2025 во 21:20 часот во СВР Скопје, В.Ѓ.(44) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека околу 19:55 часот на подрачјето на општиина Петровец, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Г.Г.(54). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 09.08.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив околу 03:45 часот во тешка здравствена состојба била донесена 64-годишната А.Љ. од Љуботен, скопско. Според пријавеното, ѝ била укажана лекарска помош, но во 22:40 часот починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 09.08.2025 во 14:10 часот во СВР Струмица, И.Л.(66) од Гевгелија пријавил дека околу 16:00 часот на работното место како такси возач, од Гевгелија до с.Градско Балдовци, струмичко, превезол четири патници, од кои двајца мажи, една жена и едно дете, а откако пристигнале, бил физички нападнат од двете машки лица, кои му одзеле пари и два мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2025 во 19:29 часот во СВР Струмица, С.Т. пријавил дека во с.Штука, струмичко, настанал пожар на куќа и две плевни, сопственост на неговиот брат. Од Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.
На 09.08.2025 во 23:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во куќа во с.Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат С.К.(45) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Денеска (10.08.2025) во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ забележале патничко возило „фоксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки во кое биле превезувани мигранти. Откако ги забележал полициските службеници возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија. По наредба на јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.