Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок 14.08.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Н.Д.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

  

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д., Н.П., Д.Н. и Д.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.06.2025 во угостителски објект во Куманово, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.07.2025, по претходна расправија, пријавениот упатувал закани на неговата 40-годишна сопруга во домот на нејзините родители во гостиварско село.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „недозволено изработување ,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.05.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми.

 

На 13.08.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на  ул.„Аугуст Цесарец“ во Скопје, патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(21) од Скопје удрило деветгодишно девојче -пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Денеска (14.08.2025) околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Булачани, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(18) од с.Булачани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 13.08.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61), двајцата од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“ Ч.И.(36) од с.Арачиново, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, тригодишно девојче, С.А.(20) и З.А.(28), сите од с.Арачиново, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 13.08.2025 околу 11:10 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека на крстосница од магистрален пат Битола- Ресен, кај место викано „Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К.(65) од Канада. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „хјундаи“ С.С.(71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот Ѓ.С., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

 

На 13.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Л.(25), Д.С.(23), Д.Д.(26), М.П.(33), А.А.(27), сите од Скопје, Л.С.(19) од с.Групчин,тетовско и М.О.(39) од Р.Турција затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, додека кај С.К.(29) од Скопје биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“ со една рамка и осум куршуми. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Денеска (14.08.2025) во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58). Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.08.2025 во 22:00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода Х.Б.(34) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола е констатирано дека тој е баран по потерница од Интерпол-Швајцарија. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

 

На 13.08.2025 во 23:25 часот на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.Л.(44) од Р.Србија, затоа што при гранична проверка е констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 12.08.2025 во 12.15 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија е пријавено дека кај нив бил донесен со тешки телесни повреди Д.С.(22) од Гевгелија. Според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на објект во живинарска фарма во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

 

На 13.08.2025 во 22:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 22:00 часот во парк, на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Р.(35) и Р.Г.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (14.08.2025) во 02:30 часот во СВР Скопје М.С.(43) од Скопје пријавила дека на 13.08.2025 околу 23:10 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца други малолетници, кои се обиделе да му го одземат и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (14.08.2025) во 08:45 часот во Полициската станица Аеродром Љ.Ѓ.(62) од Скопје  пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг А.Ѓ.(75), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 13.08.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје 43-годишна жена од скопско пријавила дека на 12.08.2025 околу 21:00 часот, С.С., кој живеел во близина на нејзиниот дом, ја бакнувал и ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност