Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 15.08.2025

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.П.(73) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.08.2025 на автобуска станица во Прилеп, пријавениот физички нападнал едно лице, при што употребил остар предмет.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.08.2025 на Градскиот стадион во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.Б.(47) од с.Горно Јаболчиште, велешко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловна пушка и куршуми, затоа што не поседувал дозвола издадена од надлежен орган.

 

На 14.08.2025 во 10:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Живко Брајкоски“ во Гостивар, 68-годишниот З.Б. од Гостивар управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, паднал на коловозот. При тоа, З.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 14.08.2025 во 23:55 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(21) од с.Никуштак, општина Липково, затоа што кај него е пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде подесен соодветен поднесок.

               

На 14.08.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 14.08.2025 во 22:39 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип 17-годишник од Штип, управувајќи мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. При тоа, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 15.08.2025 во 03:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Д.Л.А.(32) од Романија, затоа што при гранична контрола и извршен преглед над него, пронајдена е и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.08.2025 во 04:05 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа К.Ц.(48) од Турција, затоа што при гранична контрола и извршена проверка на патничко возило „нисан“ со австриски национални ознаки, кое го управувал К.Ц., се пронајдени и одземени два ножа, боксирач и палка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.08.2025 во 16:40 часот во Валандово полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Д.М.(52) од Валандово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна ќерка дека во домот физички ја нападнал. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.08.2025 во 15:40 часот во СВР Струмица 38-годишна жена од струмичко пријави дека во два наврати била физички нападната од нејзиниот сопруг В.И., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.08.2025 околу 23:30 часот во СВР Скопје 46-годишна жена од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот партнер П.К.(38). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.08.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, И.Ј.(25) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице најпрвин удрило со предмет во нејзиното патничко возило, а потоа физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на  Гази Баба, неговата малолетна ќерка била физички нападната од 64-годишната В.С. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (15.08.2025) во 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.А.(40) од с.Мршевци, скопско, пријави дека околу 02:20  часот кај игралиштето во с.Мршевци бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле стаклени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.08.2025 вo 18:00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(61) од Скопје пријави дека околу 17:10  часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 14.08.2025 во  23:00 часот во СВР Скопје, И.А.(46) од Скопје пријави дека околу 20:50 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од М.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 14.08.2025 околу 09:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“ е пријавено дека на 13.08.2025 околу 23:50 часот во болницата М.С.(49) од Скопје со остар предмет го нападнал А.С.(39) од с.Горно Коњари, скопско. И М.С. и А.С. биле на лекување во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност