СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Ф.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(19) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. На 01.06.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел корса“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол со рамка и куршуми.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.М.(72) од с.Галате, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 24.06.2025 околу 05.00 часот на нива во с. Галате, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал З.Р.(68) од с.Врапчиште, гостиварско, при што му нанел тешки телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Б.(27) од с.Беловиште, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 31.07.2025 во Агенцијата за вработување-подрачна единица Гостивар, пријавениот физички го нападнал вработениот А.З.(43) од с.Чегране, гостиварско.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.С.(40) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 04.07.2025, пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете и му нанела повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 17.06.2025 пријавениот, во Полициска станица во Куманово, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 12.08.2025 во 19:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локален пат во с.Велестово, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(20) од с.Мислешево, струшко и мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(28) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од мотоциклот В.Г.(31) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 12.08.2025 околу 17:30 часот во ОВР Дебар било пријавено дека на ул.„Еќерем Зенго“ во Дебар, Р.М.(31) од Дебар, управувајќи мотоцикл излетал надвор од коловозот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Дебар. Известен бил јавен обвинител и по негова наредба извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.
На 12.08.2025 околу 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, во с.Доброште, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(85) од с.Доброше, удрило во паркирано патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, паркирано од А.С.(28) од с.Палатица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ф., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом. По преземени мерки, полициски службеници ја пронашле жената во неговиот дом, по што тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 141 од Кривичниот законик.
На 12.08.2025, со судски наредби, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес кај С.С.(58) од село Црнилиште и С.Ч.(67) од село Дебреште поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и чување на огнено оружје“. При претресот кај С.С. била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „Гардоне“ калибар 7,62 x39, додека при претресот кај С.Ч. била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „Црвена Застава“ со калибар 16 мм. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 14-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во неколку приватни имоти во Куманово и одзел пари и предмети.
На 12.08.2025 во 08:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.Б.(44) од Велес, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 12.08.2025 во 12:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода З.Ј.(40) од с.Џепчиште, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 235 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Кај неа биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и таа била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 12.08.2025 во 15:26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на с.Радуша кон с.Дворце, скопско, настанал пожар на сува трева и нискостеблеста шума, при што била зафатена и опожарена штала, сопственост на А.И. (48) од с.Радуша. Територијалната противпожарна единица го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
На 12.08.2025 во 14:45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.К.(30), З.З.(43) и М.К.(29), сите од Прилеп, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 235 став 3 и 4 од Кривичниот законик. При преглед во возилото „фолксваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал З.З., а останатите двајца биле сопатници, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Дрвата и возилото биле предадени на Шумска полиција и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 12.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје, С.П.(49) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Б.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.08.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, С.Ц.(52) од Република Србија пријавил дека околу 13:05 часот на автопатот Куманово - Скопје, додека управувал патничко возило „нисан“ со чешки национални ознаки, го пресретнало друго патничко возило и од прозорец на совозачката страна бил фрлен тврд предмет, кој му го оштетил ветробранското стакло на неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.08.2025 во 20.35 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Т.Т.(53) од Скопје. Тој се сомничи дека на 10.08.2025 околу 21:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал 45-годишна сопруга и дека и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.