Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок 12.08.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 01.07.2025 во Куманово, пријавениот физички нападнал едно лице, при што му го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Б.С.(49) од с.Мислодежда, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.07.2025 во Струга, пријавениот упатил закани на полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а подоцна и телефонски му се заканувал.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „демнење“ и ,,неизвршување на судска одлука“. На 07.08.2025 пријавениот во Делчево следел и прогонувал женско лице, со која што претходно бил во љубовна врска, притоа не придржувајќи се до судски одлуки донесени против него.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.А.(57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни  материи“. На 13.02.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во деловен објект во Штип, при што се пронајдени и одземени ловна пушка, ловни патрони, куршуми со различен калибар и распрскувачки материи.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(29) од општина Маврово-Ростуше и правно лице- угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохол на деца“. На 24.07.2025 првопријавениот во угостителски објект во негова сопственост, дозволил конзумација на алкохол на двајца малолетници од с.Градец, гостиварско.

 

На 11/12.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(32) од Куманово, А.М.(26) од с.Слупчане, општина Липково, Б.С.(27) и А.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

Денеска (11.08.2025) во 11:40 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.В.(42) и Ј.Л.(61), двајцата од Австрија, затоа што при гранична контрола и извршени проверки во патничко возило „шкода“ со австриски национални ознаки, кое го управувал Д.В., а сопатник бил Ј.К., била пронајдена и одземена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 11.08.2025 во периодот од  12:50 до 15:00  часот во с.Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка што се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата. При претресите биле лишени од слобода А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с.Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката.

 

На 11.08.2025 во 13:00 часот во Полициската станица Валандово, А.К.(59) од Валандово пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга С.К.(56). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 11.08.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар на работна машина (багер), сопственост на фирмата. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.08.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај нив бил донесен Р.Љ.(66) од Скопје, кој подоцна починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони. Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Денеска (12.08.2025) во 05:45 часот во СВР Скопје, Б.В.(22) и Р.М.К.(21), двајцата од САД,  пријавиле дека околу 02:20 часот во близина на француски гробишта во Скопје билe физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (12.08.2025) во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11.08.2025 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг П.Н.(44). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.08.2025 околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.М.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во с.Визбегово, скопско. Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.

 

На 11.08.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, В.В.(80) од Скопје пријавил дека околу 09:45 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од неговиот сосед С.Р.(27) од Скопје, кој употребил и тврд предмет и му го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 11.08.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на М.Ц.(55) од Скопје. Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Повредени лица нема. Увид бил извршен.

 

На 11.08.2025 во 23:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, скопско, Р.А.(34) и неговата сопруга С.М.(27), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од М.А.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2025 во 20:35 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2025 околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу малолетник и К.Б.(18) од САД, од една страна и Р.В.(18) и малолетник, двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност