Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок 05.08.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 04.08.2025 во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(34) од с.Кадино, општина Илинден, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На  04.08.2025 во 14:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, С.Р.(20) од с.Горно Палчиште, општина Боговиње, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.С.(69) од с.Фалише, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.И.(40) и М.И.(38), двајцата од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.07.2025 на локален пат помеѓу селата Добовјани и Горно Татеши, пријавените го попречиле движењето на патничко возило комбе во кое се превезувале В.И.(43) од Струга и неговата сопруга и физички ги нападнале.

На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.08.2025 во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот - двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

СВР Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.03.2025 на влез во Неготино, полициски службеници извршиле преглед на мопед, кој го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 04.08.2025 во 06:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистралниот пат Демир Капија - с.Удово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.У.(47) од Нов Дојран и товарно возило „ман“ со полуприколка со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.П.(55) од с.Пирава, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Ѓ.У., додека со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, В.П., констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

На 04.08.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во друго скопско село извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска (05.08.2025) во 00:25 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 04.08.2025 во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во 16:20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(63), Х.Х.(19), Ј.Ќ.(19), сите од Скопје, од една страна и И.Б. (29) од Скопје, М.Б.(20) од Република Австрија и еден малолетник од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.08.2025 во 20:19 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека во 18:30 часот во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот внук Е.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Мени за пристапност