Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок 04.08.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(33) од с.Хаме, дебарско и Н.Ш.(41) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а против второпријавениот поради сомнение и за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 08.07.2025 во Охрид, првопријавениот со тврд предмет ја нападнал Е.П., по што второпријавениот го нападнал првопријавениот и му нанел повреда.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Н. (64) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 17.03.2025 во правен субјект во Куманово, еден вработен се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи. Пријавениот, како одговорно лице, бил свесен за таа можност, но постапил спротивно на прописите на техничката пракса.

 

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот бил затекнат како управува патничко возило со регистарски таблици кои потекнуваат од друго возило.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.М.Н.(33) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.01.2025 во Крива Паланка,  пријавениот физички го нападнал Р.К. и му нанел тешка телесна повреда. 

 

На 03.08.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„2“ и сервисна улица во с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.В.(36) од САД, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.А., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на влез за с.Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(45) од с.Љубојно, ресенско, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управуванo од В.Ј.(38) од с.Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Љ.С.(40) од с.Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од с.Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б., констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 03.08.2025 во 21:20 часот на регионалниот пат Кичево- Македонски Брод, кај влез за с.Лисичани, општина Пласница, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од с.Челопеци, кичевско, удрило во 30-годишната А.В. од с.Лисичани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 03.08.2025 во 14:20 часот на Грaничен премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода К.Д.(43) од Косово затоа што при гранични проверки било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 03.08.2025 во 22:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.К.(37) од с.Таринци, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот на родителите на неговата сопруга физички ги нападнал неговата сопруга и нејзините брат, мајка и татко, при што употребил остар и тврд предмет. Тие биле пренесени во Клиничка болница , каде што на мајката и братот на сопругата на С.К. им биле констатирани тешки телесни повреди. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 131 од Кривичниот законик.

 

На 03.08.2025 во 10:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Н.(44), државјанка на Република Албанија. При гранична контрола, било констатирано дека шпанската возачка дозвола, која ја дала на увид, била фалсификувана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно негово документирање, против В.Н. ќе биде поднесена пријава по член 378 од Кривичниот законик.

                     

На 03.08.2025 во 16:40 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(22) од село Глумово, скопско. При гранична контрола, било констатирано дека германската возачка дозвола, која ја дал на увид, била фалсификувана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно негово документирање, против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 378 од Кривичниот законик.

 

На 03.08.2025 во 19:20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп, било пронајдено целосно опожарено патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(57) од Прилеп, кое претходно, истиот ден, било пријавено дека било одземено. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 03.08.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје, Д.Р.Л.(34) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека околу 11:45 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое притоа му одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.08.2025 во 17:00 часот во Полициската станица Аеродром, С.П. (64) од Скопје пријавил дека на 30.07.2025 околу 13:00 часот на подрачјето на Аеродром во продажен објект бил физички нападнат од Ѓ.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.08.2025 во 13:15 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Т.(55) од Скопје пријавила дека на 02.08.2025 околу 02:00 часот во својот дом на подрачјето Гази Баба забележала дека ѕидот од една од просториите бил оштетен од заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.08.2025 во 17:30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Х.(24) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека во 15:10 часот во дворот од неговата куќа во селото забележал дека ветробранското стакло од неговото паркирано возило било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.08.2025 во 20.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.В.(55) од с.Мирковци, скопско, пријавила дека околу 12:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.08.2025 во 19:52 часот во СВР Скопје, Д.С.(52) од Скопје пријавил дека околу 19:40 часот на подрачјето на Драчево, слушнал истрели и пред него паднало заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (04.08.2025) околу 02:00 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека пред казино на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Б. (44) од Скопје и едно машко лице. Се  работи на расчистување на случајот. 

 

На 03.08.2025 во 23:25 часот во Полициската станица Карпош, П.С.(24) од с.Баница, струмичко, пријавил дека околу 23:10 часот на подрачјето на Карпош, заедно со неговата сопруга Г.М.(20) од с.Баница биле физички нападнати од Д.Н. и Б.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност