На 02.08.2025 во 16:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат за с.Скудриње, на влезот во селото, Н.Б.(48) од с.Скудриње, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски таблици, изгубил контрола и излетал од патот. Н.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар. Увид на лице место извршила увидна екипа при ОВР Гостивар.
На 03.08.2025 во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 00:50 часот на регионалниот пат с.Мрежичко-Кавадарци, С.Р.(23) од с.Бојанчиште, кавадаречко, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Р., констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 02.08.2025 во 09:00 часот во ОВР Кратово било пријавено дека во село Крилатица, кратовско, се превртел трактор што го управувал Д.И.(61) од село Куклица, по што возачот починал на местото на настанот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.
На 03.08.2025 во 00:10 часот во ПС Карпош од Јавна установа за згрижување деца ОЕ Козле било пријавено дека од установата се оддалечил И.И. (15) од Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 02.08.2025 во 23:20 часот во Скопје, на територија на Карпош бил приведен 15-годишен малолетник од Куманово, кај кого полициски службеници од СВР Скопје пронашле и одзеле марихуана. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ во Скопје бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје. Според пријавеното, тој на 31.07.2025 паднал од тротинет, но не се упатил во болница за укажување на медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.
На 03.08.2025 во 01:15 часот во СВР Скопје К.Н. (35) од Скопје пријавила дека во Скопје, на територија на Драчево, било опожарено нејзиното патничко возило „цитроен Ц3“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
На 02.08.2025 во ПС Карпош, Р.Л. (42) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 07:00 часот од неговиот дом во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Е.Л. (15), која со себе го зела и нејзиното новороденче. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.
На 03.08.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје од страна на К.А. (47) од Скопје е пријавено дека истиот ден околу 01:30 на улицата „Цветан Димов“, пред угостителски објект, бил физички нападнат од страна на Б.М и Б.М.. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 02.08.2025 во 21:05 часот Е.О. (34) во СВР Скопје пријавил дека истиот ден околу 19:50 часот пред угостителски објект на територија на општина Аеродром бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 03.08.2025 во 00.10 часот на стадионот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишиле С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2025 во 12.22 часот во СВР Охрид е пријавено дека полицискиот службеник Д.Д.(22) од Виница, кој бил сместен во апартман во охридска населба и не бил работно ангажиран, се повредил при ракување со службено оружје-пиштол. Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде била констатирана прострелна рана во левата рака. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.