Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.07.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 30.06.2026 во 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од  бул. „8 Септември“ и  ул. „Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од Скопје и велосипед управуван од Б.Ј.(33) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“- Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.М.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.04.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.И.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.03.2026 во атар на с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени револвер и муниција.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.К.(34) од с.Рогле, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.05.2026, пријавениот - осуденик во Казнено - поправна установа Затвор Штип, по претходна расправија,  физички нападнал службено лице од установата.

 

На 30.06.2026 во 22:15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Леце Котески” во Прилеп ги лишија од слобода Ц.М.(33), А.И.(30), Т.И.(30) , С.К.(44) и 15-годишен малолетник сите од с.Баница, струмичко бидејќи го нарушувале јавниот ред и мир со физичка пресметка. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 30.06.2026 во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 29.06.2026 околу 09:30 часот на паркинг простор во с. Мислешево, струшко, велосипед управуван од 39-годишната К.Р.С. од Струга, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од И.М.(71) од с.Мислешево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.Р.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа.

 

На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата и по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 18:30 часот на ул. „Сараевска“ во Велес, трактор „имт“ со приколка, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50) од село Бузалково, велешко, излетал од улицата и удрил во ѕид од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 01.07.2026 околу 00:15 часот во СВР Скопје, С.К.(31) од Скопје пријави дека на 30.06.2026 околу 22:45 часот, на кеј на река Вардар бил физички нападнат од три лица, кои му го одзеле мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.07.2026 околу 03:45 часот во СВР Скопје, 20-годишната А.П. од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, откако ѝ бил одземен мобилниот телефон од  И.А.(37) и А.Ќ.(34), таа ги повикала нејзините пријатели С.К.(27) и С.К.(23). Тогаш И.А. го скршил телефонот, по што настанала физичка пресметка помеѓу И.А. и А.Ќ.(34) од една страна и С.К. и С.К. од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.06.2026 околу 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот во с.Волково, скопско бил пронајден починат Р.Ѓ.(52). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

На 30.06.2026 во 10:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К. (52) од Куманово, кој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело - „безобѕирно управување со моторно возило“  по член 297-а од КЗ. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор К’шање  за издржување на казната.

 

На 30.06.2026 во 09:45 часот полициски службеници од СВР Куманово  лишија од слобода 15- годишник од Куманово, поради сомнение дека на подрачјето на Куманово извршил кривични дела тешки кражби  и кражби. По целосно документирање на случаите, против него ќе следува соодветна пријава.   

 

На 30.06.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, Н.А.(42) од с.Волково, скопско, пријави дека на 29.06.2026 околу 18:30 часот во населбата Кисела Јабука, скопско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Ј.К. (женско лице) и друг малолетник, а С.„Н“ се обидел да го нападне, но бил спречен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.06.2026 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар на дива депонија. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје.

 

На 30.06.2026 околу 21:35 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(48). Според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Чаир. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор.

 

На 30.06.2026 во 17:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.Р.(40) од Р.Косово, по претходна пријава дека физички го нападнал Р.М.(63) од Скопје, а по извршени проверки констатирано е дека истиот остварил илегален влез во државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 30.06.2026 околу 18:00 часот во СВР Скопје М.Д.(56) од с.Марино,скопско, пријави дека по претходно недоразбирање бил физички нападнат од неговиот сосед Љ.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.06.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје Х.М.(43) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Мени за пристапност