Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А. П. (68) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.06.2026 пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М. (27) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.03.2026 во Струга полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р. (58) од с.Матејче, општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.02.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што била пронајдена и одземена муниција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против В.П.(61) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.06.2026 во Полициската станица во Македонски Брод, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(64) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.12.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на синот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена муниција.
На 30.06.2026 во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено поправната установа Затвор Штип бил донесен 39 годишен осуденик од кавадаречко. Според пријавеното, во установата 59 годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 01.07.2026 во 13:50 часот во Жеровјане, полициски службеници од Полициско одделение Жеровјане го лишија од слобода М.М.(64), постапувајќи по претходна пријава од неговиот братучед М.М.(57) од с.Теново, тетовско, дека околу 11:40 часот во неговиот двор физички го нападнал, при што со употреба на остар предмет му упатил закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.07.2026 во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.Ш.(38), постапувајќи по претходна пријава од неговиот братучед Е.Ш.(38) од Гостивар, дека околу 23:10 часот во Гостивар, по претходна расправија, физички го нападнал, при што употребил остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на патот Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.
На 02.07.2026 во 01:00 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар на ул.„Битолска” во Демир Хисар ги лишија од слобода Г.С.(41) и Т.И.(37) двајцата од с.Арвати, ресенско. Имено, при преглед на возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Г.С. пронајдени се две ловни пушки во футрола за кој лицата не носеле дозволи за поседување на оружје и 16 парчиња муниција. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 година, во 04:40 часот, во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.Ф. (19) од Република Италија, бидејќи истата физички нападнала полициски службеник при извршување службени дејствија. При преземањето на службените мерки било констатирано дека лицето нема регулиран престој во државата. По целосно документирање на случајот, против Г.Ф. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.07.2026 во СВР Скопје Љ.Д.(63) од Скопје пријави дека на 30.06.2026 на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во круг на фирма за отпад била опожарена работна машина-багер. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје во текот на денот ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.