Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Вози одморен“, превентивна активност на СВР Тетово за безбеден сообраќај

„Вози одморен“, превентивна активност на СВР Тетово за безбеден сообраќај

Вчера (06.07.) во близина на наплатната станица Желино, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со РСБСП и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведоа превентивна активност „Безбедно лето - Вози одморен“, со цел да се потсетат возачите на опасностите што ги носи заморот и сериозните последици што може да настанат доколку заморни управуваме моторно возило. 

 

Со оваа активност уште еднаш беше потенцирана потребата за подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот, преку почитување на сообраќајните прописи и одговорно однесување, а со цел да ги заштитат својата и безбедноста на нивните семејства и на другите учесници во сообраќајот.

 

Истовремено, на возачите им беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Мени за пристапност