Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје

Превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје

Денеска (06.07.) во рамките на кампањи за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на Полициското одделение Петровец, поточно на наплатна рампа „Петровец“, беше реализирана превентивна активност наменета за учесниците во сообраќајот а под мотото – „Вози одморен“, „Стави појас“ и „Не зборувај на мобилен додека возиш“.

 

Превентивната активност што беше организирана од страна Одделението за превенција при СВР Скопје а во соработка со РСБСП имаше за цел подигнување на безбедносната свест за одговорно и сигурно учество во сообраќајот а притоа на возачите им беше делен и едукативен материјал во форма на летоци со практични совети за безбеден сообраќај, а изработен во соработка со РСБСП..

Мени за пристапност