Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Вози одморен“, превентивна активност на СВР Битола и РСБСП за безбеден сообраќај

„Вози одморен“, превентивна активност на СВР Битола и РСБСП за безбеден сообраќај

Вчера (09.07.) на Граничниот премин Меџитлија полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, претставници од  РСБСП, како и полициски службеници од овој граничен премин спроведоа превентивна активност под мотото „Безбедно лето - Вози одморен“, со цел да се потсетат возачите на опасностите што ги носи заморот и сериозните последици што може да настанат доколку заморни управуваме моторно возило.


Со оваа активност уште еднаш беше потенцирана потребата за подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот, преку почитување на сообраќајните прописи и одговорно однесување, а со цел да ги заштитат својата и безбедноста на нивните семејства и на другите учесници во сообраќајот.


Истовремено, на возачите им беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Мени за пристапност