Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Вози безбедно, вози одморен“, превентивна активност на РЦГР Југ

„Вози безбедно, вози одморен“, превентивна активност на РЦГР Југ

Денеска (10.07.) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, односно од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ на подрачjе на Дојран во кординација со Оделението за безбедност на сообраќајот при ОВР Гевгелија реализираа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност.


Под мотото „Вози безбедно, вози одморен“ на повеќе локации полициските службеници укажуваа на важноста од внимателно, одговорно возење и секако избегнување на заморот, односно задолжително правење паузи при возење на долги дестинации, особено сега во летниот период. Истовремено беа делени и информативни летоци изработени со поддршка од РСБСП, со практични и корисни совети за возачите, во интерес на личната и општата безбедност во сообраќајот.

Мени за пристапност